Америка удри по Иран со бран напади — погодени се десетици цели на Револуционерната гарда

Date:

Американската војска соопшти дека извршила „силен бран“ напади врз Иран, како одговор на обидите за напади со балистички ракети врз американските сили во вторникот, објави „Би-би-си“.

Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопшти дека погодила „десетици“ цели на Иранската револуционерна гарда, откако Иран истрела ракети кон американските бази во Јордан и нападна бродови во Ормускиот Теснец.

Иранските државни медиуми објавија дека во најновите напади на островот Кешм загинале тројца, меѓу кои и двегодишно дете. Погодени биле и други локации во јужниот и западниот дел на Иран.

Воената конфронтација меѓу САД и Иран, започната со американско-израелските напади во февруари, продолжува и по пет месеци, иако Доналд Трамп првично предвидуваше дека ќе трае само неколку недели. По краткото затишје и непотврдените обиди за обновување на дипломатските разговори, судирите повторно се разгореа.

Иран во вторникот нападна американска база и команден центар во Јордан, како и три нафтени танкери во Ормускиот Теснец. Трамп веднаш најави силна одмазда.

Американските удари, кои траеја околу еден час, биле насочени кон командни центри, ракетни и беспилотни капацитети, крајбрежна одбрана и поморска инфраструктура. Во Кешм, според иранските медиуми, била погодена семејна куќа, при што загинале родители и нивното двегодишно дете. Јордан соопшти дека соборил пет ирански ракети.

Напнатоста се прошири и во Ирак, каде во првите јавно потврдени заеднички американско-саудиски напади загинаа најмалку 20 припадници на Силите за народна мобилизација.

Багдад ги осуди нападите како повреда на суверенитетот, додека Трамп тврдеше дека биле координирани со ирачката влада.

Саудиска Арабија истовремено испрати порака дека сака деескалација.

Египет соопшти дека пожар во пристаниште бил предизвикан од напад со дрон, со што конфликтот дополнително се прошири низ регионот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...