Американските медиуми пренесуваат: Мадона ја спасувале со инјекција за предозирање од наркотици

Date:

Изминативе денови актуелнa е здравствената состојба на поп-ѕвездата Мадона, која беше примена на интезивна нега, поради тешка бактериска инфекција.

Сега, американските медиуми пренесуваат дека, наводно, Мадона била оживеана со инјекција за предозирање од наркотици, со име „Наркан“, пред да биде хоспитализирана, пишува „Пејџ сикс“.

Според новиот извештај на „Радар Онлајн“(„Radar Online“), луѓето кои ја нашле пејачката во несвесна состојба, наводно ѝ ја дале инекцијата, за да ја вратат во живот.

Иако, лекот најчесто се користи во случај на предозирање со наркотици во итна ситуација, медиумите велат дека лекот бил користен за борба против септичен шок, а не поради предозираност. Не се најдени докази кои укажуваат на предозирање на поп-ѕвездата.

Претставниците на Мадона, сè уште немаат одговорено на прашањата од американските медиуми.

Да се потсетиме, Мадона беше пронајдена во својот дом во Њујорк, онесвестена и итно беше пренесена во болница. Таа завршила на интензивна нега каде била интубирана и сега е будна и закрепнува. Нејзината ќерка Лурд е постојано со неа.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...