Австралиската полиција пронашла позлатен пиштол во куферот на американски патник на аеродромот во Сиднеј.

Американката која полета од Лос Анџелес немала дозвола за огнено оружје, соопшти австралиската гранична полиција (ABF). Таа може да добие и до 10 години затвор.

„Уште еднаш гледаме колку добри офицери на ABF се во пронаоѓање нелегални и многу опасни предмети и спречување на нивно внесување во Австралија“, рече командантот на ABF Џастин Батурст.

28-годишната жена беше обвинета и вчера се појави пред локалниот суд, каде и беше одредена кауција. И се заканува укинување на визата и депортација од Австралија, пишува CNN.

Воздушните патници на домашните летови во САД можат да патуваат со огнено оружје, под услов да е истоварено и затворено во тврд контејнер во багажникот на авионот. Патниците мора да ги предупредат и претставниците на авиокомпаниите за време на пријавувањето дека носат оружје.

Спротивно на тоа, Австралија има многу строги закони за оружје што беа донесени по масакрот во Тасманија во 1996 година кога вооружен маж уби 35 луѓе.

По нападот било забрането секое автоматско и полуавтоматско оружје, а од нивните сопственици биле насилно купени околу 600.000 парчиња оружје.