Амбер Херд конечно му исплати 1 милион долари на Џони Деп

Date:

Минатата година, целиот свет со големо внимание го следеше судскиот спор меѓу поранешната холивудска двојка Џони Деп и Амбер Херд.

Деп поднесе тужба против Херд поради текст што таа го напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година, во кој се опиша себеси како „јавна личност која е жртва на семејно насилство“. Иако Деп не се споменува по име во текстот, тој ја тужеше Херд за тврдење дека е домашен насилник, барајќи отштета од 50 милиони долари.

Потоа Херд поднесе противтужба, барајќи 100 милиони долари, тврдејќи дека претрпела „неконтролирано физичко насилство и малтретирање“.

На крајот, поротата застана на страната на Деп и донесе пресуда дека Херд треба да му исплати отштета од 15 милиони долари. Неколку месеци подоцна, тие се спогодија на 1 милион долари, кои актерот вети дека ќе ги донира во хуманитарни цели.

Американските медиуми сега пренесуваат дека Херд, конечно, му ги исплатила парите на својот поранешен сопруг.

Близок извор до Деп сподели за „Ентертејнмент тунајт“ дека актерот ќе ги донира сите пари во пет различни добротворни организации и дека ќе им додели по 200.000 долари на секоја од нив. Тој избрал организации кои им помагаат на болните деца, кои се грижат за животната средина, но и оние кои обезбедуваат безбедно домување на недоволно згрижените заедници.

Како што пишува „Ентертејнмент тунајт“, актерот ќе ги донира парите во „Make-A-Film“ (фондација за филмски работници со деца кои се соочуваат со тешки и сериозни болести), „The Painted Turtle“ (организација која е дел од наследството на актерот Пол Њуман и обезбедува бесплатно кампувачко искуство за болни деца), „Red Feather“ (организација која соработува со домородните заедници за да развие и имплементира трајни и влијателни решенија за домување), „Tetiaroa Society“ (добротворна организација на Марлон Брандо, која обезбедува островските и крајбрежните заедници да имаат иднина), и „Amazonia Fund Alliance“ (која помага да се финансираат проектите на некои од најважните бразилски непрофитни организации).

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Марк Ентони стана татко по осми пат

Латино-ѕвездата Марк Ентони (57) и неговата сопруга, поранешната мисица Надија Фереира (27), го...

Внуката на Трамп покажа како се подготвува за дебито на црвениот тепих, па наиде на критики

Деветнаесетгодишната внука на Доналд Трамп, Каи Трамп, објави ново видео на...

Шарлиз Терон не можеше да го сокрие воодушевувањето од Мет Дејмон: „Го гледам чудно… Не требаше да го кажам тоа“

Холивудската актерка Шарлиз Терон привлече големо внимание со своите...

Оливија Вајлд: Врската со Хари Стајлс ми нанесе штета и на кариерата и на приватниот живот

Американската актерка и режисерка Оливија Вајлд изјави дека негативните реакции од...