Амбер Херд го напушта Холивуд и се сели во Мадрид

Date:

Амбер Херд наводно го напуштила Холивуд и се преселила во Мадрид, Шпанија, речиси една година откако ја изгуби судската битка со поранешниот сопруг Џони Деп.

„Можам да откријам дека Херд го напушти Холивуд и тивко се пресели во Шпанија со нејзината мала ќерка Унаг“, тврди Алисон Бошоф од „Дејли мејл“ во написот објавен во четвртокот.

Според новинарката, пријател на Херд рекол: „Таа зборува два јазика, англиски и шпански, и е среќна таму, покрај својата ќерка далеку од сета врева.“

Пријателот исто така изјавил дека 37-годишната актерка еден ден може да се врати во Тинзелтаун.

Не е познато дали Амбер засекогаш го напуштила актерството или само привремено.

„Мислам дека таа не брза да се врати во Холивуд. Тоа веројатно ќе се случи кога ќе биде вистинското време, за вистински проект,” објаснува пријателката. Амбер не се огласи во врска со преселбата во Мадрид.

Имено, во јули 2022 година, актерката продаде куќа во долината Јука, Калифорнија за 1.1 милион долари. Оттогаш, таа помина многу време во Шпанија. Во октомври минатата година Амбер беше фотографирана на плажа во Мајорка, а пред тоа во детски парк со својата ќерка.

Наводната преселба на Херд во Шпанија доаѓа речиси една година по нејзиното судење за клевета со поранешниот сопруг Џони Деп.

Деп ја тужеше Херд за 50 милиони долари во 2019 година, тврдејќи дека таа лажела дека била жртва на семејно насилство само за да добие повеќе пари во спогодбата за развод.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...