Пилотот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо го сподели своето мислење за изгледите на тимот на претстојната трка од Формула 1 шампионатот.

– Заминуваме за Австралија во одлично расположение по две последователни пласмани на подиумот и со нетрпение очекуваме да го надградиме нашиот успех овој викенд. Досега нашиот болид одлично се покажа на две патеки кои се сосема различни по своите карактеристики. Во исто време, не летаме во облаци и остануваме реални – за да продолжиме да постигнуваме силни резултати, треба да се подобруваме во сите области. Секогаш е забавно да се тркаш во Австралија и љубопитен сум како се смени патеката во споредба со претходните години. Патеката стана уште побрза – се надевам дека ќе видиме повеќе престигнувања. Во исто време, квалификациите во Австралија отсекогаш биле клучни, изјави Алонсо.

Шпанецот во генералниот поредок по две трки во Ф-1 е трет со 30 бода. Пред него се пилотите на Ред Бул, Макс Верстаспен со 44 и Серхио Перез со 43 бода.