Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска по пресврт го победи Карен Хачанов во четвртфиналето на турнирот во Доха, Катар.
Алкараз триумфираше над Хачанов со 2:1 во сетови по два и пол часа игра со 6:7 (3), 6:4, 6:3.
Хачанов одигра еден од најдобрите сетови во последната година и успеа да дојде до 1:0, со неколку неверојатни удари.
Шпанецот беше фрустриран од ова, но и од неговата игра, а во еден момент влезе во расправија со судијата Марија Чичак.
Во продолжение, сепак, видовме едно поинакво издание на првиот светски рекет. Шпанскиот ас не дозволи ниту една брејк-топка во вториот и третиот сет, а три пати му го одзеде сервисот (можеше да го направи тоа четири пати) и рутински го комплетираше пресвртот.
Во полуфиналето ќе игра против Андреј Рубљов во полуфиналето. Рубљов претходно со 6:3 и 7:6 (2) го елиминираше Стефанос Циципас од Грција.





