Алкалоид се враќа со минус 10 од Германија

Date:

Алкалоид загуби со високи 37-27 на гостувањето кај Хановер, а реваншот во Скопје ќе биде вистински тест за карактерот на тимот на Кирил Лазаров.

Со десет голови негатива (37-27) се враќаат ракометарите на Алкалоид од првиот натпревар во квалификациите за Европската лига против германскиот Хановер – Бургдорф.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров добро се држеа во првиот дел, но не искористија голем број зицери и на одмор заминаа со четири голови негатива (19-15).

Во продолжението, Алкалоид ја одржуваше истата разлика до средината на второто полувреме, кога бундеслигашот направи клучна серија од 7-3 и стигна до убедлива предност (30-22). До крајот, германскиот тим ја зголеми предноста и ја затвори средбата со високи плус десет.

Најефикасен кај македонскиот претставник беше исланскиот бек Тордарсон со 10 погодоци, а Галевски се истакна со осум одбрани.

Реваншот е закажан за 6 септември во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 19:30 часот, каде Алкалоид ќе има задача да се обиде да ја анулира големата разлика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Брза штрудла со јаболка

Штрудлата од јаболка е класичен десерт кој мириса на...

Австралиска авторка осудена за роман за сексуална злоупотреба на деца

Австралиска авторка е осудена за создавање материјал за сексуална...

Трендафилов: Мене можете да ме следите, но за снимањето на децата, барам кривичен прогон

Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов се пожали...

Бубевски ги отфрла како клевети наводите на адвокатката Кадриу – бара да му се извини инаку ќе поднесе тужба

Јавниот обвинител и доскорешен шеф на Основното јавно обвинителство...