Алкалоид пресилен за Пролет: Лазаров слави на отворањето на годината

Date:

Екипата на Алкалоид со триумф ја започна 2026 година, откако пред својата публика славеше над тимот на Пролет 62 со резултат 35-28. Избраниците на Кирил Лазаров ја потврдија фаворитската улога, иако мораа добро да се испотат за да го скршат отпорот на мотивираниот гостин во натпревар каде видовме и исклучувања и голмански бравури.

Галевски „спушти ролетна“, Митев немилосрден во нападот

Првото полувреме помина во израмнета борба во која Пролет, предводен од новиот тренер Мајнов на клупата, одлично парираше. На пауза се замина со пристојни „плус три“ за домаќинот (17-14), најмногу благодарение на фантастичниот Иван Галевски, кој уште во првите 30 минути запиша 10 интервенции.

Работите станаа потешки за Алкалоид кога Мартин Велковски заработи црвен картон, што значеше скратена ротација на бековските позиции. Сепак, тоа не го сопре налетот на домашните. Клучната разлика беше направена во вториот дел кога фаворитот „додаде гас“ и се одлепи на недостижни 31-21. Прво име на мечот дефинитивно беше Дамјан Митев, кој одигра симултанка и го заврши натпреварот со дури 10 постигнати гола.

Рутинска завршница и нови бодови

Иако во финишот дојде до мал пад во концентрацијата кај Алкалоид, што Пролет го искористи за серија од 4-0 и ублажување на поразот, победата на Лазаров и неговите момци ниту во еден момент не беше доведена во прашање. Покрај Митев, кај победникот се истакна и Филип Николов со шест погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Томи Димковски со осум гола.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...