Алкалоид и Вардар ремизираа во неверојатен натпревар во Автокоманда

Date:

Ракометарите на Алкалоид и Вардар одиграа без победник 26-26 во крајно интересен натпревар од 6. коло во плеј-офот во Суперлигата.

Домашниот тим одлично го отвори натпреварот и брзо стигна до позитива од три гола 5-2. „Црвено-црните“ брзо се вратија во игра па успеаја да израмнат на 6-6. До крајот на првиот дел се играше во егал, а на пауза меѓу двете полувремиња се замина со реми 12-12.

Двократниот европски првак подобро го отвори вториот дел и стигна до највисоките за себе плус три 14-17. Со одлична серија избраниците на Кирил Лазаров се вратија во игра, па на десет минути до крајот на мечот резултатот на семафорот изнесуваше 22-22.

Во следниот период и двата тима многу грешија, а на три минути до крајот Алкалоид влезе со плус еден 25-24. Следеше вистинско шоу на Иван Галевски кој со неколку одбрани, буквално сам ја држеше предноста на својот клуб. Неговите соиграчи не го искористија тоа, а Вардар на минута до крајот израмни на 25-25. Искусниот Никола Марковски стрелаше за 26-25, а Вардар преку Лазаревски израмни за конечни 26-26.

Мартин Серафимов со осум гола беше прво име во таборот на домаќинот, додека кај гостите Милан Лазаревски постигна шест гола.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ Скопје со еден поен ја доби драмата против ТФТ и остана без пораз на теренот во домашното првенство

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје...

Формула 1 нема да се вози во Бахреин и Саудиска Арабија

Формула 1 донела одлука од безбедносни причини да не...

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV – PART I (1)

INTRODUCTION BY PROF. ALEKSANDAR ANCHEVSKI PhD. The life of Atanas...

Посни рецепти: Колач со рендани јаболка

Потребни состојки: 3 јаболка, рендани ½ шолја шеќер 1 ќесичка ванилин шеќер 1...