Алкалоид доби австриски ривал во 3. рунда на ЕХФ Купот

Date:

Алкалоид одигра два извонредни натпревари против Драгунас Клаипеда и се пласираше во третото коло на ЕХФ Купот, натпреварување за кое денеска беше извлечена нова ждрепка.

Освојувачот на македонскиот Куп влезе како еден од тимовите кои не се носители во извлекувањето, а судбината посака Алкалоид да добие австриски ривал во третата фаза.

Алкалоид ќе одигра двомеч против тимот на Вест Виена, со тоа што нашиот претставник повторно првиот меч ќе го одигра пред своја публика.

Воведниот меч од оваа фаза ќе се одигра на 23-ти или 24-ти ноември во Скопје, додека реваншите се закажани за една недела подоцна.

Доколку Алкалоид ја мине оваа рунда, тимот од Автокоманда ќе се пласира во осминафиналето на ЕХФ Купот, што ќе значи дека момците на Кирил Лазаров ќе презимат во Европа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...