АЛЕКСАНДРИСКАТА БИБЛИОТЕКА – ЗНАЧАЈНА ИНСТИТУЦИЈА ВО АНТИЧКОТО ВРЕМЕ (46)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – II ДЕЛ

Меѓутоа, ништо немаше посилно влијание за античка елинизација на Исток (доколку некој би зборувал за нешто од тој вид, отколку Александровото формирање на градови, особено оние новите што беа организирани како полиси – заедници, односно како антички грчки градови, а кои ги имаше во голем број според првиот модел – Александрија Македонски во Египет, и тоа пред се’ во Источен Иран и во Индија.

Колонистите што беа населени во овие градови беа, главно, антички грчки наемници, од кои повеќе илјади беа оставени во местата во заднината со помал број антички Македонци, веројатно ветерани.

Бидејќи овие наемници во поголема мера потекнуваа од бездомниците кои го напуштиле своето место, а чии населби во Мала Азија Исократ ги препорача на Филип, некој може да смета дека Александар Македонски формираше градови за да ги реши големите социјални и економски проблеми.

Често во практиката, доколку немаше доволно време, по наредба на Александар Македонски, се градеа само градските ѕидини од страна на војската, a внатрешниот дел на градот беше оставен да го градат колонистите.

Овие градови добиваа античко уредување: совет, народно собрание и градска судска управа. Наспроти ова, тие веројатно немаа целосна автономија, туку беа потчинети директно под кралот.

Поради очигледните практични причини, Александар Македонски секогаш ги формираше своите градови на местата на веќе постојните населени места. Така, Александрија во Египет, на пример, беше блиску до населбата Ракотис, а старите жители продолжуваа да живеат во новиот град. Домашното население, меѓутоа, не припаѓаше кон градското тело на новата полис-заедница.

Само античките Грци и античките Македонци добиваа државјанство. Co тоа започна да постојат антички заедници, каде што владееше античкиот закон, античка богослужба и преовладуваа античките навики на живеење, во директен контакт со старите населби.

Уништената Библиотека

Во почетокот колонистите се држеа настрана од домашното население, во текот на времето доаѓаше до постапно приближување, а потоа следеше мешање меѓу нив.

Бидејќи немаше антички Гркинки, античките Грци и античките Македонци земаа Ориенталки. Затоа неизбежно беше преку нив да навлезат ориенталските обичаи и погледи на животот во античките семејства. Од друга страна, пак, спојувањето овозможи да навлезат елементи од античката култура кај домашното население.

Во времето на формирањето на градовите во Источен Иран, Александар Македонски веќе имаше идеја за зближување на Иранците со античките Македонци и античките Грци, а наскоро потоа беше преокупиран со фузијата на овие народи. Затоа постепеното мешање на културите во населбите не можеше да се одвива со онаа брзина со која тој очекуваше.

Дали тој беше неверен кон својата оригинална намера за ширење на античката култура на Исток? Лично, и покрај сите политички отстапки што ги направи кон Иранците, како што се виде, тој остана докрај целосен вљубеник во античката култура, а тоа морало да биде уште и негова амбиција за да направи колку што е можно повеќе да преовладува античката грчка култура.

Но, веднаш штом сфати како политичар дека не може да ја управува Азискоатичката империја само со античките Македонци, во активните контакти со ориенталските култури мора да му било јасно дека не ќе може античката грчка култура да биде доминантна.

Затоа, прво беше нужно да се изградат центри од каде што ќе се шири античката грчката култура, а тоа го постигна со изградбата на градовите.

Иако мешањето на културите се очекуваше да се случи подоцна, сепак во своите ставови за античката грчка култура Александар Македонски мора да имал желба и убедување дека тоа ќе биде водечкиот фактор.

Најголемото прашање за иднината, всушност, беше која од двете култури повеќе ќе се докаже. Многу векови ова беше главниот проблем на историјата на цивилизацијата. Првиот услов беше исполнет со изградбата на градовите од страна на Александар Македонски.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...