ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – II ДЕЛ
Во тоа време, Александар Македонски беше многу окупиран со океанографските проблеми, како што може да се види од неговиот голем интерес за стариот проблем на Каспиското Mope, што го окупира кога беше на јужниот брег (330).
„Тој беше опфатен од носталгија”, повторно почнаа да кружат зборови. Испрати некој си Хераклид да изгради бродови таму, да плови низ Каспиското Mope и да установи дали е тоа внатрешно море, како што го учеше Аристотел, а не залив на океанот, како што претпоставуваа старите Индијци, што беше спорно за него по откривањето на Индискиот Океан. Во исто време, можно е размислувањата од економски аспект да одиграа важна улога во мисијата. Поради смртта на Александар Македонски не беа преземени ниту оваа, ниту арапската експедиција.
Тоа се експедициите што Александар Македонски ги презеде за неколку месеци во својот живот. Веднаш штом умре, беа најдени забелешки во кралските архиви кои откриваа дека арапската експедиција беше само предигра на неговите големи планови. Овие официјални забелешки содржат податоци како и на кој начин требаше да се изведат и осмислат неговите технички планови, потоа воените и финансиските извори потребни за тоа.
Има само малку податоци од кои може да се види дека 1.000 воени бродови со поголеми размери требаше да се изградат во Феникија, Сирија, Галиција и Кипар за походот против Картагенците и другите народи што живееја на другиот морски брег на Африка, Шпанија и на бреговите до Сицилија.
Спомнато е исто така дека требаше да се гради пат по должината на африканскиот морски брег до Пилар на Херакле, како и да се изградат пристаништа на сите места кои одговараат за таа намена.
Овие содржини на забелешките укажуваат на тоа дека Александар Македонски, откако стана господар на Азија, размислуваше за освојување на целиот свет. Тој веројатно е единствениот човек во историјата кој ги подготвуваше овие огромни планови за да стане „светски владетел” во вистинската смисла на зборот.
Неговата империја сега достигна на запад, потоа на север до Јадранско Mope, a на југ до Кирена, која беше во пријателски сојуз. Во овие последни планови во прашање беше само освојувањето на морскиот брег на западниот Медитеран.

Очевидно, првата цел беше насочена кон Картагена која беше најважната поморска и трговска сила на Запад. Дали тој ќе успееше во своите планови е прашање на кое не можат да одговорат ни историчарите, меѓутоа, не може а да не се верува во можностите кога се однесува на Александар Македонски, кој направи толку многу, па и тоа всушност не беше невозможно.
Друго е прашањето дали тој ќе успееше во формирањето на тогашниот познат свет во една империја која ќе имаше перспекгива за натамошен напредок. На прашањето веројатно ќе се одговори негативно.
Создадена едноставно од неговата ретка личност, оваа империја би ја загубила виталноста со неговата смрт. Дека подоцна Римската светска империја се одржа многу векови, не претставува спротивен аргумент.
Во овој случај од генерација до генерација беше поставуван камен темелник, се додека огромната изградба не застана многу цврсто и не зајакна нацијата. Александар Македонски, од друга страна, всушност беше ефемерна епизода, а освен тоа зад неговите идеи не стоеја ниту античките Македонци ниту пак античките Грци, тој остана сосема сам.
Треба да се претпостави априори, аналогно на внимателната почетна подготовка на другите потфати на Александар Македонски, дека на овие планови тој не се потпираше единствено врз безосновани фантазии, туку и врз однапред добиените информации за големината на различните земји на Запад и нивните заемни политички врсќи.
Се знае кога Александар Македонски беше на Далечниот Исток, се распрашал за историјата на Сицилија преку експертот Филист, државник на Дионис I, преку кој можело длабоко да се проникне во војните на западните антички Грци со Картагенците и нивните италијански соседи.
Една друга работа побуди кај него личен интерес за проблемите на западните етнички Грци и во извесна смисла информацијата за неговиот зет Александар Молосијански, кога тој во времето премина во Азија, им служеше на Терентинците во борбите против Луканијанците и Брутијанците во Долна Италија и го загуби животот во војната.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН