АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ И НЕГОВИОТ ОДНОС КОН СВОИТЕ АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ (30)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – II ДЕЛ

При молењето на боговите Александар Македонски ја искажа желбата дека покрај сите добри работи што се случија, сака да се направи заедништво меѓу античките Македонци и Персијците. Тој не ги откри до крај своите политички намери.

Двете нации, освојувачите и освоените заминаа од гозбата во слога и здружени. Во ова тој ја виде можната потпора на иднината на Азискоатичката империја. He беа пречка ниту различните религии на двете нации за нивно политичко и културно обединување, a co тоа ги натера и античките грчки пророци и персиските магионичари да бидат рамо до рамо.

Овој момент е многу важен во животот на Александар Македонски. Мислите што од поодамна го имаа окупирано оддеднаш му се разјаснија и ги дефинира. Неодамна, меѓутоа, надвор од оваа „молитва во Опис” се прочита исповед на братство и на хуманост, а низ стоичката доктрина се поврзува со христијанството. Овие идеи припишани на Александар Македонски нему му беа сосема туѓи.

Вистинската молитва за него беше тоа што тој сакаше да направи збратимување меѓу античките Македонци и Персијците. Воопшто нема траги дека Александар Македонски сакаше да го третира човештвото како едно братство.

По гозбата следеше отпуштање од војската на околу 10.000 ветерани, како што беше најавено порано. Последицата беше таа што бројот на старите македон-ски ветерани во војската што беа непријатели на него-вата идеја, беше намален, а тоа мора да му било мило. На секој воин при отпуштањето не само што му плати за се до неговото враќање дома, туку му даде и по еден талант повеќе.

Ги задржа децата што им ги родија азискоатичките жени со цел да ги спречи несогласува-њата што би ги имале во своите домови во Македони-ја, а им вети дека ќе ги воспитува во македонски дух, ќе ги тренира како војници, а подоцна кога младите ќе пораснат ќе ги земе со себе и ќе ги одведе кај нивните татковци во Македонија. Александар го определи Кра-тер, кој беше веднаш до него по Хефестион и беше многу популарен меѓу Македонците, да ги води ветераните назад.

На Кратер, исто така, му беше наредено да го замени Антипатер како империјален вице-крал во Европа, а Антипатер требаше да оди со нови еди-ници во логорот кај Александар.

Причина за ваквото разменување делумно беше тоа што односите помеѓу Антипатер и заповедничката Олимпија постојано беа затегнати и водеа до караници и протести од двете страни, кои беа болни за Александар како син. Имаше и друга причина: политиката на Антипатер спрема Елада, поради олигархиската обоеност, не се сложу-ваше со погледите на Александар.

И така Кратер, новиот вице-крал, беше упатен да ја согледа „слобо-дата на Грците”, фраза која несомнено одговара на клаузулата за слободата според заветот на Лигата. Така, додека одлуката за прогонетите предизвикуваше вознемиреност во Грција, Александар како хегемон го зазеде стојалиштето за одржување на заветот.

Александар и неговата војска заминаа од Опис преку планината Загрос во Екбатана. Изворите не кажуваат ништо во врска со некои преземени мерки на владеење во текот на неколкуте месеци во резиденци-јата на медијскиот главен град.

Во споредба со голе-мата активност што Александар ја манифестираше веднаш по доаѓањето во Вавилон во пролетта на 323 година, овие месеци во Екбатана беа како затишје пред бура. Секако, неговата програма беше определена и готова кога се појави во Вавилон.

Затоа може да се претпостави дека неговите идни планови беа дефини-тивно определени во Екбатана, а и како обично пред тоа новите акции беа добро и внимателно подготвува-ни. Таков беше случајот и по долгиот и мирен престој во Суса.

Каква беше природата на овие планови? Co враќањето во Суса, Александар Македонски можеше да го смета освојувањето на Азија целосно завршено, иако некои региони во северна Мала Азија се уште не беа покорени. Неговиот индиски поход покажа дека не можеше да се задоволи со освојување на Ахеменидската империја, туку беше поттикнат не само со желбата за освојување, туку и за научни откритија, за да втаса до најдалечната граница на населениот свет.

Иако беше приморан да застане на Хифас и не можеше да ја постигне својата цел – океанот, сепак патувањето по реката Инд го доведе до Индискиот Океан, што го натера Неарх да воспостави врска меѓу делтата на Инд и утоката на реките Еуфрат и Тигар, со што ја определи јужната граница на Азија.

Ова откритие сега требаше да се искористи за трговски цели на империјата, посебно со населувањето на овие морски брегови, особено оние на Персискиот Залив, поим што од поодамна му се вртеше во главата, како што покажаа упатствијата што му ги даде на Неарх.

Меѓутоа, во меѓувреме се појавија нови проблеми во немирниот дух на Александар Македонски. Спротивниот брег на Арабија беше сé уште неиспитан, а формата на земјата беше неопределена. Дали можеби беше возможно да го пронајде патот околу Арабија до Египет и да воспостави морска врска меѓу Вавилон и Александрија?

Големи перспективи за интеркомуникација и трговија се отворија пред него. Големи предности се очекуваа на географски план за океанот и за светот. Веднаш штом се врати во Вавилон, Александар Македонски прати експедиција да ја обиколи Арабија по море. Границите на Ахеменидската империја беа значително поголеми од очекувањата.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...