ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – I ДЕЛ
Преку зборовите што Александар Македонски им ги рече на своите пријатели, може несомнено да се заклучи дека тој добил поволен одговор од Бога, а античкиот свет кој веруваше во непогрешливоста на Зевс Амон, може сега веројатно да се заблагодари, бидејќи се што Александар Македонски направи од тогаш правеше во согласност и со благослов на Бога. Дури тоа да беше само ефект, сепак Александар Македонскии претходно беше поздравуван како син на Зевс Амон.
Ова поздравување му беше јасно на пророкот, бидејќи пред себе го имаше Египетскиот крал, а од египетска гледна точка тоа беше исто така признавање на Александар Македонски како крал на оазата. Александар Македонски веќе беше поздравен во храмот на Птах во Мемфис или во други египетски храмови во кои тој влезе како син на посебен Бог.
Но, сомнително е дали овие поздрави длабоко го импресионираа Александар Македонски, дали навистина неговото внимание беше посебно свртено кон овие титули што беа закитени со национални фрази и доделувани на Египќани, потоа дали нивните значења му беа објаснувани.
Во оазата, меѓутоа, поздравувањето кон него како кон син на Господ го прими со големо изненадување и остави длабок впечаток врз него. Александар Македонски за Бог го сметаше Зевс, големиот античко грчки Бог на пророштвото, еднакво умен за него и за неговата придружба, а пророкот при обраќањето кон него го опиша како син на Бога. Тоа значи дека Александар Македонски беше поздравен како син на Зевс.
Тоа мора длабоко да навлезе во неговата душа како болскот од светлина и предизвика длабоки емоции.
Тој подоцна се консултира со пророкот, кој го поздрави во своето место и од името на Бога. Во ова Александар виде откровение на Бога, откровение што го прифати како надеж за потврдување на посебната Божја заштита што долго ја чувствуваше како благодарност на божјата сила што ја имаше во себе и што го поведе кон големи успеси.
Тој се повеќе веруваше во ова, бидејќи според античката концепција натчовечките подвизи го воздигнуваат човекот во божјата сфера.

Во текот на целиот свој живот Александар Македонски беше проникнат со ова мистично верување дека е син на Зевс Амон. Поради тоа тој се откажа од својот татко Филип Македонски како што и секој фараон се откажуваше од својот роден татко, бидејќи во исто време тој беше син на Ра, како и на други богови. Во гоа време мистицизмот и реалноста одеа паралелно.
До крајот на животот Александар Македонски послушно го признаваше Филип Македонски како свој татко, меѓутоа неговата политика отстапуваше од онаа на Филип Македонски. Од друга страна, пак, колку длабоко се оддалечи со свите божествени права како син на Бога е прикажано со тоа што подоцна одлучи да биде погребан во оазата близу до својот татко Амон.
Освен тоа Александар Македонски никогаш не мислеше да направи политички култ од себе како син на Зевс. Ниту пак се слушна во многу нецелосната традиција дека тој презел чекори да ги пропагира или да ги прогласува своите божествени права што можеше да ги ужива како син на Бога. Во дадениот момент, веста за оваа сензационална случка наскоро се прошири нашироко и надалеку.
Пред да го напушти Египет, го посетија амбасадорите од Милет и го известија дека светиот извор во храмот Дидима, што се исуши во времето на Ксеркс, повторно протече и дека пророштвото го потврди Александар Македонски како син на Зевс, а и Сибил од Еритра исто така го призна како таков. Можнр е, но не и неочекувано, Александар Македонски да се интересирал брзо да се рашири оваа вест, но нема никакви докази за вакви постапки.
Ниту пак кажувањето на Калистен, каде што случајот беше јасно опишан, ја објаснува брзината со која се рашири веста, бидејќи тоа не беше објавено до 330 година. Тоа е сфатливо, зашто пријателите и придружниците беа сведоци на поздравот испратен дома во писмото до својата мајка.
Така, не случајно првото ехо од веста втаса од Јонија. Како ослободител од персискиот јарем Александар Македонски беше повеќе популарен во Јонија отколку во Елада, а Јонците порано му посветија божествена чест на Лисандер.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН