АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВОЗДИГНАТ НА СТЕПЕН НА БОЖЕСТВО ВО ЕГИПЕТ (61)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – I ДЕЛ

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално кралските титули, како и неговите персиски и египетски претходници. Од петте титули вообичаени од средината на третото столетие пред нашата ера што му беа доделени на Александар Македонски, првата, четвртата и петтата се дознаваат од натписи.

Како „Хорус” (I), тој беше наречен „силниот принц”, со додаток „оној што става рака на земјите на туѓинците”, или „заштитник на Египет”.

Како „крал на Горен Египет и крал на Долен Египет (IV), беше наречен „Саканиот од Амон и избраниот од Ра”; и на крајот како „син на Ра” (V), тој беше наречен „Александрос”.

Овде Хорус титулата „оној што става рака на земјите на туѓинците” изгледа била измислена само за Александар Македонски, додека другите титули биле доделувани пред неговото време. Овие титули докажуваат две работи за Александар Македонски: неговата посебна сувереност над Египет и неговото воздигнување на степен на божество.

Веројатно новата титула Хорус ја покажуваше неговата моќ надвор од Египет или според египетските поими на неговиот суверенитет распространет по целиот свет. Меѓутоа, нагласката лежи во титулата „крал на Горен и Долен Египет”, со која тој посебно е означен како крал на египетската држава. Овој натпис кажува дека Александар Македонски го прифати престолот што му беше понуден од свештениците, веројатно од највисокиот свештеник на Мемфис.

Неговото целосно однесување во Египет, меѓутоа, треба да се опсудува од оваа гледна точка. Според тоа, за Египќаните Александар Македонски беше нивни специјален крал, кој лично го обедини и го приклучи Египет кон своето кралство, како што Карло Велики ги донесе Ломбардите во својата империја, со тоа што стана нивни крал.

Пред тоа, ниту во Лидија ниту на кое било друго место не сакаше да има посебна позиција, а подоцна ќе се види дека тоа ќе се случи само еднаш и тоа во Вавилон.

Кон овие две држави на древната цивилизација – Египет и Вабилон, на Нил и Еуфрат, кои многу столетија беа духовни водачи на Исток, се имаше посебен однос во империјата на Александар Македонски. Тие беа со прастари традиции, па затоа и бараа таков однос.

Од најстари времиња божеството било поврзано со египетскиот суверенитет, бидејќи фараонот бил сметан како инкарнација на најголемиот Бог.

Мемфис

Гореспоменатите титули на божество доделени на Александар Македонски беа изразени во три ранга: како Хорус беше Бог, како син на Ра беше син на Господ, титула што се употребуваше од петтата династија дотогаш, означувајќи дека оној што ја има таа титула е роден од Ра со мајката кралица; најпосле .тој беше миленик на боговите, како „сакан од Амон”, избран од Ра, двете фрази кои веќе беа прифатени од поранешните кралеви.

Во тоа време Египет беше единствената земја на Исток во која монархијата и божеството беа неразделни, a co тоа на народ од околу седум милиони, Александар Македонски беше оној што ги доби божјите почести. Но, за Александар Македонски ова египетско прогласување за божество имаше чисто локално значење; надвор од Египет тоа немаше никакви ефекти.

Потврдено е дека Александар Македонски им принесе жртва на другите богови како и на Апис, кој не беше бог туку свето животно, припаѓајќи кон култот Птах. He ce знае дали тоа го направи пред или по преземањето на државата на фараоните. Можеби принесувањето жртва на Апис беше прво кралско принесување на жртва следено со неговото востоличување во храмот на Птах.

Принесувањето на жртва на Апис беше врзано со тоа што тој сакаше да остави силен впечаток кај Египќаните. Ништо повеќе не го раздразни отколку убивањето на бикот при жртвувањето, ниту Камбис, а потоа ниту Окус. Од поодамна култот на Апис немаше само локален карактер, туку беше еден од оние што се прославуваше речиси насекаде.

За преземањето на овој чекор Александар Македонски, меѓутоа, имаше политичка цел од поставување на себеси во опозиција на неморалните Персијци.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...