Алармантен губиток на таленти – Македонија на петто место по одлив на мозоци

Date:

Според извештајот на ИОМ за 2020 година, Република Македонија се наоѓа во топ 20 земји во светот со најголема емиграција во странство, додека според проценките на Светската Банка, речиси 40% од високообразовниот кадар ja има напуштено државата, а според Индексот на одлив на мозоци на Global Есопоту, РМ е на високото петто место (од 41 европска земја), што јасно покажува дека државата се соочува со голем губиток на таленти.

Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2023 година спроведе ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовани и стручни кадри“.

Целта на ревизијата беше да се даде одговор на прашањето „Дали Владата на Република Македонија ги испланирала, имплементирала и мониторирала мерките и активностите од Националната стратегија за вмрежување и соработка со високообразовани и стручни кадри 2013-2020, на начин кој би можел да придонесе да се спречи одливот на високообразовани кадри?”

Спроведените ревизорски активности и обезбедените ревизорски докази овозможија да стекнеме разумно уверување дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се доволно ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата.

Во последните неколку децении миграции во светски рамки забележуваат континуиран пораст, а денес нивниот обем е поголем од било кога. Тенденцијата кон пораст на емиграцијата на високостручни кадри, како и научен подмладок од одделни факултети, имплицира промени во квалитетот на работната сила и намалување на нивото на човечкиот капитал, а со тоа и негативни ефекти во областа на економскиот развој на земјата и научноистражувачката дејност.

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на македонски грађани кои заминале во странство во периодот 2013-2022 година изнесува 7.861 лице.

Податоците за образовната структура на лицата кои ја напуштиле државата покажуваат дека во периодот 2015-2022 година од земјата емигрирале вкупно 719 високообразовани лица.

Според добиените податоци од мегународните организации и земјите на прием, бројот на македонски граГани коишто престојуваат во странство се зголемува со забележителна стапка. Оваа тенденција искажува сериозни предизвици за државата, вклучувајКи го одливот на високообразовни кадри и потенцијалните ефекти врз економијата и друштвото во целост.

Според извештајот на ИОМ за 2020 година, Република Македонија се наога во елитната група на топ дваесет земји во светот со најголема емиграција во странство, додека според проценките на Светската Банка, речиси 40% од високообразовниот кадар од Република Македонија ја има напуштено државата, а Индексот на одлив на мозоци на Global Есопоту, покажува дека Република Македонија е на високото петто место (од 41 европска земја), што јасно покажува дека државата се соочува со голем губиток на таленти.

Сепак, во контекст на овие предизвици, недостатокот на активна стратегија за управување со високообразовни кадри во државата уште повеке ja зголемува загриженоста. По истекувањето на периодот на важност на Националната Стратегија за вмрежување и соработка со високообразовани и стручни кадри од 2013 до 2020 година, државата нема стратешки документ за борба против одливот на квалификувани кадри.

Од страна на Владата усвоена е Резолуција за миграциона политика, со посебна стратешка цел насочена кон намален интензитет на трајната емиграција во странство на лицата со високо ниво на образование, но за истата не е воспоставен мониторинг на имплементацијата на мерките и активностите, а воедно усвојувањето на нови стратешки документи се врши без претходно оценување и евалуација на резултатите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...