Акцискиот план за правата на малцинствата е пречка само за Бугарија, но не и за 26 други земји членки на ЕУ

Date:

Акцискиот план за правата на малцинствата во Македонииа станува нова пречка за старт на преговорите со ЕУ – Бугарија го блокира усвојувањето и на овој документ, без кој Македонија и ако ги донесе уставните измени, нема да може да го отвори првиот кластер од преговорите со Европската Унија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека документот кој е донесен од Владата е усогласен со експерт за човекови права делегиран од страна на Европската комисија, а зелено светло за него дале и 26 од 27 земји-членки на Унијата.

„Ова го кажувам неофицијално, документот е усогласен со 26 земји-членки освен со една, исто како што таа една е против да бидеме дел од иницијативата ‘Трите мориња’“, изјави Мицкоски.

За тоа што Бугарија бара во врска со овој Акциски план, Мицкоски одговори: „Кога би знаел да ви кажам, ќе ви дадев одговор“.

Дали имало обид за средба на премиерите на Македонија и на Бугарија на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват? На ова прашање Мицкоски одговори дека тие само се поздравиле од култура која се учи во првите седум години од животот.

Румен Радев, бугарскиот премиер вчера изјави дека без спроведени уставни измени Македонија не треба да се надева на старт на преговорите.

Во јануари премиерот Мицкоски изјави дека главната забелешка на Бугарија за Акцискиот план за малцинствата е што бил на македонски јазик. Освен Бугарија, како што рече тогаш, ниту една друга држава членка на Европската Унија немала забелешки за овој документ. На тогашните изјави на Мицкоски официјална Софија изрази загриженост за последните измислени тези од властите во Скопје што „остро се разликуваат од суштината на европскиот консензус од 2022 година“.

Од Министерството за надворешни работи на Бугарија тогаш порачаа дека прашањето на кој јазик ќе биде планот за правата на заедниците што се очекува од Скопје, е внатрешно прашање на Македонија и оти тоа не е тема на билатералните односи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мбапе и Дембеле ја одведоа Франција во полуфиналето на СП

Франција продолжува да маршира кон светската титула. „Триколорите“ го...

Супер победа за Силекс – прва на гости во нивната историја!

Со гол од пенал на Есмир Хасукиќ во 42...

КРЦКАВО ПРЖЕН КАШКАВАЛ СО ЗЕЛЕНЧУК

Доколку сакате брз и вкусен оброк што сите ќе...

МОНОГРАФСКО ДЕЛО ЗА ГОЛЕМИОТ ЧУВАР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (50)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во...