Актерскиот пар од познатата серија „Game of Thrones“, Кит Харингтон (36) и Роуз Лесли (35) го добија своето второ дете. Претставникот на актерот, со изјава за медиумите ја потврди веста во понеделникот.
„Тие се среќни што добија мало девојче во семејството“, изјавил претставникот.
Инаку, англискиот актер Харингтон и шкотската актерка Лесли се запознаа додека глумеа заедно во фантастичната серија на „Ејџ-би-о“, која заврши во 2019 година, по осум сезони.
Харингтон го играше ликот на Џон Сноу, а Лесли ја играше дивата Игрит, која беше позната по нејзината реплика „Не знаеш ништо, Џон Сноу“.
Двојката се венчаше во 2018 година во Абердиншир, пред да го објават раѓањето на нивниот син во февруари 2021 година.