Актерот Џон Хам и неговата избраничка и колешка Ана Оскиола, се венчаа на истата локација во северна Калифорнија, каде парот го снимаше завршетокот на серијата „Mad Men“, во 2015 година, пишува „Дејли мејл“.
Свадбата се одржа кај прекрасниот кањон Андерсон во Биг Сур, Калифорнија. На зајдисонце, холивудскиот пар ги кажа своите завети и сподели страстен бакнеж пред гостите, меѓу кои беа Лери Дејвид, Тина Феј, Брук Шилдс, Били Крудап и Џон Слетери.

Ана беше облечена во сатенски бел фустан без прерамки, со длабоко деколте, а косата ѝ беше пуштена. Нејзината среќа не ја криеше, таа постојано беше рака под рака со младоженецот, кој се појави во класичен црн смокинг. За првиот танц, тие ја избраа песната „ You Only Live Twice “, од филмот за Џејмс Бонд од 1967 година.

Инаку, Хам и Оскиола се запознаа на снимањето на „Mad Men“ во 2014 година, и оттогаш се видени заедно неколку пати. За првпат заедно се појавија на црвениот тепих во 2022 година, а исто така глумеа заедно во крими комедијата „ Confess, Fletch“, чија премиера беше истата година.