Ако се ослободиме од ДУИ ќе и покажеме на ЕУ дека сме зрели за преговори, а не ако внесеме двајца без тројца во Уставот, вели Најчевска

Date:

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека веќе 20 години Македонија е под постојан рекет од ДУИ.

„Премиерот не ги проследува оставките на министрите од ДУИ до претседателот на Собранието согласно деловникот. ЕВН се договор со ДУИ дали жителите на одделни села треба да плаќаат за струја или не. Членови на ДУИ стануваат Јавни обвинители стануваат пред да завршат факултет. Членови на ДУИ добиваат тендери од државата и од тие пари плаќаат процент на Али и на мафијата наречена партија. Членови на ДУИ добиваат плата за неодење на работа. Членови на ДУИ играат фудбал во канцеларии. Членови на ДУИ држат партиски состаноци во Владата. Членови на ДУИ најотворено прават криминални дејствија заради кои се непожелни за редица држави меѓутоа не и за правосудните органи во Македонија…

Веќе 20 години Македонија е под постојан рекет на ДУИ.
Зрелоста за започнување на преговори со ЕУ ќе ја покажеме ако успееме да се ослободиме од ДУИ а не ако внесеме во Уставот двајца без тројца кои се обидуваат да докажат дека не постојат Македонци како посебна етничка заедница со посебна култура, јазик и историски развој“, вели Најчевска.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пензискиот фонд на стаклени нозе – се бара дури и поместување на прагот за одење во пензија на 67 години

Мислење на Фискалниот совет за 5-годишната стратегија на владата...

Едно лице повредено во пукање во Чаир, МВР го истражува случајот

Едно лице е повредено во пукање што денеска се...

Загадувањето со смртни последици – Протестен марш за чист воздух на 10 декември во Скопје

Иницијативата „Зелен хуман град“ најави протестен марш за чист...

Тошковски за Радио Лидер: Не им успеа обидот за дестабилизација

„МВР има капацитет да одговори на ваквите предизвици, тоа...