Ако се изгласа новиот закон за амнестија, двајца осуденици од Монструм на слобода

Date:

Хаки и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот Монструм, ќе бидат ослободени ако Собранието го усвои новиот закон за амнестија предложен од министерот за правда Кренар Лога. Министерот за денеска најави подетално образложение за причините за неговиот предлог за нов закон за амнестија.

Азири се осудени на 9, односно на 15 години затвор за помагање по убиството на пет лица кај Смилковското Езеро. Пресметките покажуваат дека ако се донесе законот како што е предложен и бизнисменот Сеад Кочан, осуден во случајот Трансмет, ќе излезе од затвор.

И министерот Лога и премиерот Димитар Ковачевски велат дека со овој закон нема аменстија за тешки кривични дела, дека на слобода ќе излезат само лица осудени за полесни кривични дела и дека ќе се ослободат места во пренатрупаните затвори.

Според власта, оновна причина за донесување на законот е потребата од ресоцијализација на осудениците, како и растоварување на затворите. Во моментов 2.114 осуденици издржуваат затворска казна, а 2.813 чекаат да влезат во затвор. Со амнестијата се очекува 286 осуденици да бидат целосно ослободени од затворска казна, а 996 да бидат делумно амнестирани. Според објавениот предлог закон, казните нема да им бидат намалени на осудените на доживотен затвор, како и на тие кои се во затвор за убиство, измама при избори и гласање, мито и корупција, силување, семејно насилство и измама со пари од европски фондови.

Опозицијата најавува дека со амандмани ќе ја блокира најавената амнестија. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не сакаат да се ослободат криминалци на кои владејачките партии тоа им го ветиле во замена за услуга.

„Ова не е закон со европско знаменце како што беа измените во Кривичниот законик и ние ќе го блокираме во рамките на собраниската процедура. Овој закон има двојна намена. Првата е да се ослободат криминалци кои одлежуваат затворска казна, бидејќи така им ветиле. Тука не мислам само на СДСМ и ДУИ, туку и на помалиот коалициски партнер, Алијансата за Албанците, ако воопшто постои, ако не е претопена во ДУИ или барем оној дел кој што се идентификува како Алијанса за Албанците. Значи тоа се преземени обврски кон криминалците кои се на отслужување на затворска казна, дел од нив да добијат намалување, делумна амнестија, дел да добијат целосна амнестија. И потоа истите тие криминалци да се најдат на улиците и да ѝ прават проблеми на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека на тој начин ќе добијат. Можам да ги разочарам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да се пресмета со криминалот од каков било облик, дали се тоа вакви криминалци кои што се занимаваат со изнуда, ограбувања, рекетирање, насилство или политичките криминалци кои што денеска се дел од Владата“, изјави вчера Мицкоски.

Годинава амнестирани беа лицата кои не ги плаќаа казните за време на ковид пандемијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...