„АКО ОДАМ ВО БИТОЛА“ -ПРЕД СИДНЕЈСКАТА ОПЕРА

Date:

Ламбе Алабаковски заедно со „Некст тајм“ и композиторот и музичар Никола Мицевски се на голема турнеја низ Австралија, каде настапуваат пред Македонците од дијаспората. Од центарот на Сиднеј, Ламбе објави видео каде што пее македонски песни. Вниманието го привлече со „Ако одам во Битола“.

Турнејата на музичарите започна на 5. април во Сиднеј, а ќе заврши на 27. во Перт. Во меѓувреме ќе одржат концерти во  Волонгонг, Голд Коуст, Мелбурн . Република Ентеретејнмент, се организатори на пролетната турнеја во Австралија. За Ламбе ова е второ гостување во Австралија, каде пред 15 години како тинејџерска ѕвезда настапи заедно со Елена Ристеска, Ноне Неделковска и Ѓоко Танески. Стануваше збор за еднонеделна турнеја со три концерти, и тоа во Мелбурн, Сиднеј и Перт. „Некст Тајм“ и минатата година имаа турнеја во Австралија, а наместо Алабаковски, со нив настапуваше Влатко Лозановски.

Извор: ТВ Тера

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПФМЛ: Силекс и Работнички се израмнија со Шкендија!

Eкипата на Силекс во денешните натпревари од 18. коло...

Норис победи во Абу Даби, Мекларен ја освои титулата за конструктори!

Ландо Норис победи на последната трка оваа сезона во...

Атлетиката доби нова ѕвезда, 16-годишниот Гоут урна рекорд на Болт

Гоут Гоут, австралиски тинејџер кој има само 16 години,...

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...