„Ако не беа ер-тракторите ќе изгореше цело село за половина час“, изјави жител на Стојан Ристов жител на загрозеното село Врбица.

За потсетување, вчера одделот за воздухопловни единици со два хеликоптера, Ми-171 и Бел 412, активно работеше на локализирање на пожарот во реонот на Кочани, поточно во близина на селата Соколарци, Врбица и Жиганци, во кој беше зафатена површина од околу 2500 хектари, претежно нискостеблеста шума и ливади, во понискиот дел од теренот, а постоеше опасност од пожарот да бидат зафатени куќи и бачила, кои се наоѓаа во непосредна близина на линијата на пожарот.

„Имено, почнувајќи од 16.00 часот, хеликоптерот Ми-171 од Хеликоптерската единица за посебни намени во 15 наврати исфрли повеќе од 38 тони вода, а хеликоптерот Бел 412 од Хеликоптерската единица за полициски работи во 17 наврати исфрли 18 тони вода“, соопшти МВР.

Како што наведоа во соопштението „во координација со противпожарните служби, останатите служби на терен и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување успешно беше спречено ширење на пожарот кон населените места и бачилата кои ги делеа само неколку метри од линијата на пожарот“.