Ако е јунак, Силјановска-Давкова ќе упати раскинувачка нота до Атина – порачува Ванковска

Date:

Универзитетската професорка, која беше кандидатка за претседател на државата поддржана од политичката партија Левица, на социјалните мрежи ѝ порача на претседателката дека иако не го спомнала уставното име, ако е јунак, ќе упати раскинувачка нота до Атина.

Професорката Билјана Ванковска, која во првиот круг од претседателските избори беше дел од седумтемина кандидати, во објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека иако нејзината тогашна противкандидата, а сега официјална претседателка Гордана Силјановска-Давкова, не го спомнала уставното име неа сè уште, како што вели, ја жеже и пече придавката „северна“ на сите документи, патокази, дипломи и пасоши.

Не е Сирма војвода таа што својот проблем ќе го реши, додека цел народ стенка од него.

Ако е јунак, ќе упати раскинувачка нота до Атина“, напиша Ванковска.

Пред одржувањето на вториот круг од претседателските избори, Ванковска изјави дека ќе го бојкотира и се пожали дека е под притисок на ВМРО-ДПМНЕ да даде изјава со поддршка за кандидатката Гордана Силјановска-Давкова.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...

Кети Пери конечно се огласи по вселенското патување

Поп ѕвездата Кети Пери (40) се соочи со жестоки...