За три години МАНУ ќе влезе во седмата деценија од основањето. Ќе се види од синтезата дека остварила импресивни постигања во науките и уметностите. Раководена исклучиво од критериумите, дури и во последниве седум години кога беше трн во око на власта која го осакати нејзиното финансирање, се вели во реакцијата на академикот Божин Павловски на најавата на коалицијата Вреди дека во Тетово ќе отворат албанска академија на науките и уметностите.
„Но, подобро е МАНУ да седне одошто да стане алатка за политичко и етничко пазарење. Тоа во науките и уметностите не е дозволено“, вели во изјавата за МКД.мк академик Божин Павловски.
На оваа најава на Вреди реагираа и нејзините коалициски партии од власта, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
Науката не може да се етнизира, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е единствената институција која ја обединува македонската научна мисла и во нејзиниот состав има научници од различни етнички заедници“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет. Идеите и обидите на Вреди се резултат на постизборен популизам“, вели во писмената изјава претседателот ЗНАМ, Максим Димитриевски на иницијативата на коалицијтата Вреди за формирање Академија на науките и уметностите.