АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И НЕГОВОТО ТВОРЕШТВО (32)

Date:


МАКЕДОНЦИТЕ ОД СРБИЈА ВО ДЕЛОТО „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Академикот проф. д-р Антоније Шкокљев – Дончо беше еден од доблесните Македонци кој својот живот го посветил на науката, на здравјето на луѓето, на напредокот на новите генерации во областа на медицинските науки, на палео¬лингвистиката и на древните корени на народите на Балканот, со особена нагласка на македонскиот народ и Македонија.


Животниот пат на. д-р. Шкокљев започнал во познатото македонско револуционерно село Д’мбени, Костурско, во егејскиот дел на Македонија, денешна Грција, на 24. 09. 1923 година. Селото во кое се родени плејада предвоени македонски борци и интелек¬туалци, меѓу кои, Лазар Поп Трајков, Лазо Москов, Лазо Трповски, Ташко Караџа и други кои се бореле за афирма¬ција на македонските идеали. Во Д’мбени се родил и најголемиот донатор од македонската дијаспора, Атанас Близнаков, кој живееше во Гери, Индијана, во САД, и кој за иднината на македонската младина, за студентите, ја формира најголемата фондација во Република Македонија, Фондацијата „Близнаков“Â на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје.


Антоније Шкокљев присилно ја напуштил својата родна земја – Македонија, а спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот македонски народ не го напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали во животот на aкадемик проф. д-р. Антоније Шкокљев-Дончо, ја откриваат сликата за библиската природа на земјата на неговото потекло, сместена на балканските простори.


Затоа, покрај неколкуте стотини стручни и научни истражувачки трудови, десетте стручни и други книги, уште како млад научник, започнува да се занимава со палеолингвистички истражувања за Балканот. Со голема љубов и познавање на повеќе светски јазици навлегува длабоко во историското минато на Балканот, особено на Македонија, со цел да даде свој придонес за вистината на Македонија и македонскиот народ во античкиот период.

Уште од млади години кај академикот Шкокљев се раѓа посебен интерест за древниот антички свет на Балканот и пошироко. Тоа било пред сè што го познава старогрчкиот и грчкиот јазик кои ги научил уште во класичната гимназија во Костур. Тоа го мотивирало триесетина години да се занимава и со лингвистички истражувања на Балканот, посебно за Србија и Македонија.


Поаѓајќи од сопствените, оригинални претпоставки дека во врска со една од најстарата докажана цивилизација во Европа, како што е Лепенски Вир, постој и јазик кој одговарал од тоа време, за што се публикувани многу интересни оригинални пронајдоци, смета дека таков јазик постоел и во другите древни културни цивилизациски центри во Македонија и пошироко на Балканот.


Како резултат на неговото упорно истражување во палеолошките и другите испитувања, заедно со неговиот син Иван Шкокљев, редовен професор на Електротехничкиот факултет, се роди делото од оваа област на српски јазик под провокативниот наслов “Боговите на Олимп од Србија” (Богови Олимпа из Србије) (Београд, Наука,1998), Во неа се дадени голем број податоци за археолошките пронајдоци од времето на неолитската култура на Балканот и Егејот, до текстови со податоци за населението, меѓу другото за големите преселби на народите во Македонија и други податоци.


Со доаѓањето на проф. д-р Шкокљев-Дончо, пак, во Р. Македонија во 1998 година, дојде до посети на голем број значајни археолошки и други локалитети. Тогаш тој се запозна со голем број преводи за Античка Македонија на македонски јазик, меѓу кои и со преводот на авторот на овие редови, романот “Александар Македонски” од Урлих Вилкен. Со тоа дојде до дружба и се зголеми заедничкиот интерест за Античка Македонија, а со тоа се збогати нашата соработка на полето на проучувањето на документите за вистината за Античка Македонија.


Така, од нашата повеќегодишната соработка, во 2004 година, во издание на “Македонска искра” од Скопје излезе од печат на македонски јазик, нашето заедничко дело “Придонесот на Македонија во светската цивилизација”. Ова дело се занимава со придонесот што Македонија го дала на светот во период од десетина века, почнувајќи од шестиот век пред Христа, периодот на големото Македонско царство-времето на Филип и Александар Македонски, до Цар Самоил.

Во Воведот на делото “Придонесот на Македонија во светската цивилизација“, меѓу другото се вели дека непосреден повод за оваа публикација е повторното отворање на “македонското прашање” како завереничка концепција на историјата, која не се симнува од дневно-политичката светска сцена веќе 2 500 години, реметејќи ги меѓународните односи на овој многу чувствителен простор на Европа.
Истражувањата на овој план имаат за цел да придонесат за согледување на историската вистина за автохтоноста на македонскиот народ, неговиот национален идентитет и континуитет, за придонесот на Македонија во светската цивилизација, но и за спротивставувањето на историските злоупотреби на македонското прашање.


Оваа книга е посветена на Македонија и Македонците, односно на прашањето дали издвоените политички ентитети имаат исклучиво право на монопол над историското наследство, односно дали денешните млади генерации, родени и израснати во двата политички конфротирани дела на Северна и Јужна Македонија, се одраснати и воспитани со убедување дека Македонците немаат доволно сознанија за историскиот факт дека се делови од еден народ и од една земја која се нарекува Македонија.


Како да бидат убедени денешните Грци, чии предци на Балканот дошле во XI век п.н.е. без ова име, туку дошле како Дорци (Херодот, I, 56), а името не го добиле ни 800 години подоцна во Хомеровата “Илијада”, во VII век п.н.е.,туку како Ахајци, Аогејци или Данајци, а покасно како Хелени, Греки или Ромеји (Мпампиниотис, 1998, 596). Како да се сфати тоа што името Македонија не е најтесно поврзано со она што некои современите историчари погрешно го нарекувале “елинизам”. Елините првпат во својата вековна историја, административно го освоиле јужниот дел на Македонија дури по Првата балканска војна 1912, односно во 1913 година (Букурешки договор, 13. 08. 1913 година).


Или како да се задоволат денешните Македонци, кои исто така не го “колонизирале” Балканот со сопственото име, во VI век од н.е., дека во својот автономен процес на развојот, географскиот поим Македонија постепено го прифаќале како знак на национална припадност и создавање македонска национална свест? Што со староседелците во Македонија, со потомците на најголемата светска империја на Александар Македонски итн?

Значи во прашање е процесот на етнонимите. Се работи за еден сложен проблем, кој во македонскиот случај има драматичен карактер и претставува предизвик кој долго ќе биде експлоатиран за да се докаже овој или оној карактер на Македонија, т.е. за да се дефинира македонската нација.


Балканскиот Полуостров, или европскиот југоисток, уште во третиот милениум претставувал невралгичен јазол и епицентар на современите светски потреси. Заради тоа, и намерата на авторите е да укажат на архетипичноста на многуте духовни остварувања на Балканот.


Меѓутоа, посебен простор е посветен на придонесот на Македонија во светската цивилизација и на нужноста од корекција на искривената слика за хиеархијата на изворните европски духовни вредности. Притоа, факт е дека балканските народи ги спојува заедничката нишка на големото културно наследство, кое со векови било расадник на европската и светската цивилизација.


Делото „ Придонесот на Македонија во светската цивилизација “беше претставено на читателската публика преку порталот „Македонска нација“ во 52 продолженија во текот на 2015 и 2016 година. Во 2007 година излезе од печат нашето второ дело на македонски јазик нсловено “Од Панонија до Егеј”, во кое се претставени голем број податоци за вистината на дел од Балканот во античкиот период, со нагласка за древна Македонија и Србија.


Во публикацијата „Од Панонија до Егеј“ се вели дека свеста за себе и за творење се основни карактеристики како на поединецот индивидуално, така и на човечкиот род како целина. Најзначајни иновации на луѓето, како основа за формирање на историјата Најзначајна одлика на човечкиот род е свеста (индивидуална и колективна) која има универзално значење во сите духовни активности.
Затоа феноменот на свеста е еден од најстарите проблеми и централна тема на расправите од самиот почеток на филозофските мисли на Исток и Запад, кој до денес се третира низ разни митолошки, мистични и филозофски системи. Првиот научен обид за објаснување на феноменот на свеста (како најкомплексна мозочна функција) е даден од страна на Обединетите нации, каде последната деценија на XX век се означува како деценија токму на истражувањата на мозокот и свеста.

Публикацијата е напишана со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред се историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации. Покрај тоа, таа е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања да им претстави слика за праисториските случувања сочувани во митологијата и лингвистиката. Поединечната обработка на ономастиката услови и делумно повторување заради честопати испреплетената материја.


Како резултат на плодната соработка со академик проф. д-р Шкокљев и придонесот со Ристо Стефов (Chris Stefou) од Торонто, во 2010 година излезе од печат на англиски јазик нашата заедничка публикација насловена „Македонија во античкиот период“. Ристо Стефов е познат и признат Македонец по потекло од с. Ошчима, Леринско, Егејска Македонија, кој постојано живее во Канада, а кој, меѓу десетината публикации на англиски јазик е автор на четири дела за античка Македонија.


Ова заедничко дело е печатено на англиски јазик под наслов “Macedonia in Ancient Times”. Тоа претставува приказ и слика за древна Македонија кое по електронски пат го добиле голем број видни личности и институции ширум светот. Тоа е дело во кое е дадена посебна нагласка дека Македонците го употребувале своето име ’Македонци‘ само во античка Македонија и денес во Република Македонија.
Делото „Балканот и Македонија“ од покојниот академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград е објавено на српски јазик под наслов „Праисторија Централног Балкана“. Потоа истото дело под наслов “The Balkans and Macedonia” од Антоније Шкикљев – Дончо од Белград, Славе Николовски – Катин од Скопје и Ристо Стефов од Торонто, е објавено од издавачката куќа „Македонска искра“, Скопје, 2104, 1-300 стр. на англиски јазик, додека македонската верзија под наслов „Праисторија на Централниот Балкан“ од Антоније Шкокљев-Дончо, Славе Катин и Георги Бранов (од Канада), исто така е публикација на „Македонска искра“, Скопје, 2019, 1-350. Овие публикации се дел од вистината за Балканот и Македонија. Во нив, меѓу другото се вели:

За многу историографи вообичаено е „егејската култура“ да ја нарекуваат „хеленско историско чудо“, кое, според нив, почнува во осмиот век пред Христа. Од тој „архајски период“ можеме да ги датираме најстарите написи на грчки јазик кои служат како пишани извори. Особено значење имаат делата на античките историчари кои ни даваат помалку или повеќе поврзан приказ на настаните од античката историја на Грција. Тоа се Херодот, Тукидид, Ксенофон, Полибиj, Диадор, Паусанија, Стработ, Ератостен, Посејдониj и Плутарх. Современи писатели-хеленисти се Томсен (Thomsen), Томсон (Thomson), Вилкен (Wilcken), Блеген (Blegen), Вентрис (Ventris), Чедвич (Chadwich), Робертс (Roberts), Борза 5 (Borza), Хамонд (Hammond), Папаставроу (Papastavrou), Папазоглу (Papazoglu) и многу други.
Меѓутоа, надвор од границите на историјата, наидуваме на настани од неисцрпната ризница на грчките митови и легенди, од херојските епови „Илијада“ и „Одисеја“ кои до нас дошле под името на Хомер. Тука се и делата на Хесоид од Аскра во Беотија, авторот на „Дела и денови“ и „Теогонија“.
Светската наука со векови се бави и со енигмата на „грчкото историско чудо“ и не пронашла соодветни објаснувања за настанокот на тој феномен. По ова прашање постојат спротивставени ставови за минатото, бидејќи оној кој го контролира минатото, безобѕирно тежи да ја диктира и иднината. Бидејќи во Европа денес не живееме во тоталитарни времиња, ќе се направи обид да се објасни тоа фамозно „хеленско чудо“ врз основа на аргументите од современите науки, пред сè на лингвистиката и археологиајта, со еден епистемиолошки пристап.


Просторно, под поимот Грција, обично, се подразбира територијата од Олимп на север до Тенар и Крит на југ. Додека, пак, етногенезата на античките Грци се базара врз составот на учесниците во Тројанската војна: Данајци, Ахејци и Аргејци кои ги навел Ховер во „Илијада“, хеленистите ги означуваат иститете како единствен „грчки народ“ или „хеленски народ“ и тука грешат – бидејќи Хелените го колонизирале Пелопонез 80 години после Тројанската војна.


Натамошна енигма претставуваат боговите од Олимп. Херодот истакнува дека поетите Хомер и Хесиод први се првите кои кај Хелените ги создале приказните за настанокот на боговите и на светот, им дале имиња и ги објасниле божествените почести и вештини и ги одредиле областите во кои тие владеат. Приказните биле подарок на Музите од Пиреја во Македонија, „елоквентните ќерки“ на Мнемосина Покрај верата, енигма претставува и јазикот на античките Грци, како и потеклото на азбуката и на митот.

Во обид да се разјаснат наведените загатки од античкото минато на Балканот, во ова истражување се посегнува по една претпоставка што е поврзана со еден поим од Јунговиот поимник (Carl Gustav Jung, 1875-1961). Станува збор за архетипското несвесно. Овој модел-ентитет на основачот на комплексната психологија на „архетипното колективно несвесно“ послужи како парадигма за да се разоткрие целокупната програма на архетипското колективно несвесно по прашањето за археологијата, лингвистиката, праисторијата, митологијата и религијата од палеобалканологијата.
Животот и делото на академик Шкокљев беа тесно поврзани со научната и со публицистичка мисла на македонскиот и на српскиот народ. Тој ја потврди желбата на секој Македонец, без разлика од кој дел на Македонија припаѓа да го промовира својот национален идентитет и земјата на своите претци. Неговите научни, едукативни, историски, културни и други активности, оставаат длабоки траги и значаен придонес во неговите Р. Македонија и Р. Србија, со што се потврди за светска личност во науката.


Академик проф. д-р Антоније Шкокљев-Дончо како голема светска личност живееше долг но скромен живот, а на 94 -годишна возраст почина на 01 мај 2018 година во Белград, каде се наоѓа неговиот вечен дом. Меѓутоа, неговото име и дело ќе останат незаборавни во Србија и во етничка Македонија.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...