Американскиот рок-состав „Аеросмит“ објави дека се одложуваат некои датуми од нивната проштална турнеја „Peace Out“ бидејќи пејачот Стивен Тајлер претрпел повреда на гласните жици и ќе мора привремено да се повлече од настапи.

„Со скршено срце објавувам дека ми беа дадени строги лекарски препораки да не пеам следните 30 дена“, сподели Тајлер на Инстаграм.

– При концертот во саботата претрпев оштетување на гласните жици што проследено со крварење. Ќе мора да одложиме неколку датуми за да можеме да се вратиме и да ви го дадеме настапот што го заслужувате, појасни пејачот на Фејсбук.

Датумите првично планирани за овој месец засега се поместени за во зимата.

„Аеросмит“ неодамна ја почна својата турнеја во американската сојузна држава Филаделфија. Северноамериканската турнеја од 40 концерти се смета за прослава на 50-годишнината на рок-групата и простување со обожавателите.