Во Лос Анџелес се одржа премиерата на филмот „The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes“, а меѓу многуте познати лица на премиерата се појави и мегапопуларната манекенка и модел 42 годишната Адријана Лима, чие лице збуни многумина.
Манекенката се појави со видно закосени очи и кренати веѓи, што во голема мера го промени нејзиниот препознатлив изглед, па поради тоа многумина ја коментираа промената на социјалните мрежи.
Тие се сомневаат во процедурата „fox eyes “, која е своевиден тренд во светот и ја испробале многу познати ѕвезди.
Со оваа постапка, надворешниот раб на веѓата се подига нагоре и не ја следи линијата на коската под веѓата како што е вообичаено.
„Што не е во ред со нејзиното лице?“, „Треба веднаш да откријам што се случи со лицето на Адријана Лима“, гласат дел од коментарите.