Пејачката Адел минатата година купи луксузна палата на Беверли Хилс. Тој дворец претходно бил во сопственост на актерот Силвестер Сталоне, а пејачката го купила за 58 милиони долари.
Сталоне сега изјави дека Адел имала еден услов при купувањето на куќата. Таа сакала да ја задржи статуата на актерот како Роки со поглед на базенот. Кога репортер од Wall Street Journal го прашал Сталоне дали сака да ја земе статуата со себе, актерот одговорил потврдно.

„Но, тогаш таа рече дека „нема договор“ ако ја однесам статуата. Дека тоа ќе расипе сѐ. Таа ја сакаше статуата“, рече Сталоне. Адел наводно целосно го реновирала својот нов дом, а статуата е единственото нешто што останало непроменето на имотот.
На Сталоне не му пречи што се реконструира замокот. „Го сакам тоа што го прави, навистина е прекрасно“, рече тој.

Вилата се протега на два ката, има осум спални соби и 12 бањи, а дизајнирана е од архитектот Ричард Ландри. Опремена е со луксузен дизајнерски мебел, а во дворот има и голем базен. Внатре во куќата има кино, спа центар, уметничко студио, сауна, парна соба и канцеларија.





