Адел беше обземена од емоции на последниот концерт во Лас Вегас, откако еден фан во публиката ѝ покажа фотографија од својата покојна сопруга, пренесуваат британски таблоиди.
„Во публиката има човек, го гледате ли како го држи мобилниот во воздух? Мислам дека тоа е неговата сопруга на екранот и мислам дека таа не е тука. Ова силно ме погоди. Не сфатив што ми покажуваш додека не се качив на сцената и многу, многу ми е жал за твојата загуба“, рече Адел, со солзи во очите.
Британската поп-дива му ја посвети својата балада Someone like you, пред да почне да ја пее.
На видео од настанот објавено на Тик-ток, Адел вели: „Ова е за вас господине, вие што ми ја покажавте вашата сопруга на телефон“.