Адел се повлекува од музиката: Исцрпена сум, немам никакви планови…

Date:

На разочарување на обожавателите, пејачката Адел откри дека ќе направи долга пауза од музиката откако ќе го заврши своето музичко шоу „Викенди со Адел“ во Лас Вегас во ноември оваа година.

„Воопшто немам никакви планови за нова музика“, изјавила пејачката во интервју за германски медиум.

Адел беше запрашана дали ќе има нов албум кој ќе го следи нејзиниот албум „30“ од 2021 година, но пејачката откри дека нејзиниот креативен резервоар е „прилично празен“ по долгиот серијал на настапи и емотивното искуство што целосно ѝ ја потрошило енергијата, пишува „Холивуд репортер“.

„Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи само за некое време. Знаете, јас дури и не пеам дома. Колку е тоа чудно?“, признала Адел.

Пејачката претходно на еден од нејзините настапи во Лас Вегас им порача на своите обожаватели дека ќе мора долго да чекаат за нејзиниот нов, петти албум.

Иако не кажа кои се тие „други креативни работи“, Форбс во 2023 година откри дека пејачката отворила компанија „The Shelbourne Collective Limited“, која била регистрирана во Обединетото Кралство под ознаката „специјализирани активности за дизајн“.

Со оваа квалификација, пејачката би можела да произведе сопствена линија на козметика, модни додатоци, да дизајнира ентериери или да стане претприемач во модниот свет.

Таа во интервјуто зборуваше и за славата, па искрено призна дека ѝ недостига нејзиниот анонимен живот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ (21)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...

ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НЕ ПОСТОЈАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ

Европратениците ги избришаа термините македонски јазик и идентитет од...

“За да постои, на македонскиот народ не му е потребна ваша дозвола“

Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас...

Декларација на единаесеттата национална конференција на ОМО Илинден–Пирин

Гласна и решителна осуда на политиката на Бугарија за...