Популарната музичка ѕвезда Адел колабирала зад сцената за време на нејзиниот концерт во Лас Вегас, каде што треба да настапи во наредните месеци, пренесуваат странските медиуми.

Според пишувањата, светски познатата кантавторка била пронајдена на подот од член на нејзиниот тим, како беспомошно лежи во агонија и плаче на цел глас.

Наводно, пејачката не можела да застане на нозе, ниту да направи нешто, а некако со помош на еден од соработниците успеала да дојде на себе и да стане, но со ужасни крици.

Кога состојбата горе-долу и се стабилизирала, Адел се вратила на подиумот пред својата публика, но, како што веднаш им открила на обожавателите, веќе извесно време има проблеми со ишијасот и се заблагодарила за помошта која итно и била укажана зад сцената.

Едноставно мораше некој да дојде и да ме земе од подот – изјавила пејачката, пренесуваат медиумите, а потоа објаснила дека морала да направи кратка пауза, бидејќи едната нога почнала да и трне за време на настапот.

– Уште две песни… Деновиве морам да ‘ползам’, најмногу ми одговара поради ишијасот – истакнала Адел за време на нејзиниот концерт, а допрва се чека одлука дали пејачката ќе мора да ги откаже претстојните бројни настапи, за кои скоро секогаш се бара билет повеќе.

Инаку, Адел зборуваше за хроничните болки во грбот и на почетокот на оваа година. Во тоа време, како што пренесуваат американските медиуми, таа ‘куцала’ на сцената додека разговарала со фановите за својот здравствен проблем. Имено, за време на еден од сега веќе познатите настапи „Викенд со Адел“ во Колосеумот, пејачката се пошегува дека морала да ползи поради проблемот со ишијасот.