Адвокат сведочеше за претресот кај судијата Ристов: „Плочките паднаа, а зад нив беше отворот со парите“

Date:

Одбраната во случајот со судијата Ѓоко Ристов денеска почна со изведување на своите сведоци. Прв сведочеше адвокатот Александар Варела, кој ги застапува родителите на Ристов, Здравко и Донка, а бил присутен во нивната куќа во Неготино за време на претресот при кој во ѕид биле пронајдени пари.

Варела сведочеше дека на 17-ти бил повикан од братот на Ристов да оди во Неготино, бидејќи требало да се изврши претрес во куќата. Според неговото сведочење, полицијата детално ја пребарувала куќата, при што биле отворани шифоњери и фиоки, бил проверуван просторот под креветите, оставата, бочви со вино и ракија, фрижидерот за длабоко, гаражата и резервните гуми, како и просторот надвор околу дрвата и печката за ракија.

Претресот продолжил и на катот од куќата, каде што полицајците пребарувале четири соби, а во една од нив детално го проверувале и оџакот. Била користена и дополнителна опрема за снимање, а полицајците пребарувале и со боцкање на земјата до длабочина од околу половина метар.

Според сведокот, претресот продолжил и следниот ден, кога особено внимание било посветено на кујната. Полицајците се посомневале во плочките поради тап звук при удирање.

„Плочка при слабо удирање падна, не била добро залепена. Ги извадија петте што паднаа, па уште толку“, сведочеше Варела.

Во тој момент, како што кажа, бил присутен и сопственикот на куќата, Здравко, кој им рекол на полицајците да не ги кршат плочките бидејќи повторно ќе треба да ги лепи.

Кога била отстранета една од плочките, зад неа бил откриен отвор од околу пет сантиметри. На прашањето што има таму, според сведочењето, Здравко одговорил: „Ај, бидна“. Потоа, кога полицаецот го прашал дали станува збор за динамит или дрога, тој рекол: „Нема потреба, пари се“.

Полицајците со камерата влегле низ отворот и, како што сведочеше адвокатот, во внатрешноста на ѕидот забележале сребрена фолија. Здравко бил тргнат на страна, по што полицајците почнале да ги вадат пакувањата.

Според сведокот, биле пронајдени 13 пакувања со пари, поставени во надолжна линија. Поради нивната поставеност, нивното вадење било отежнато, па морало да се крши дел од ѕидот.

„Парите ги броеја на тепихот, немаа доволно хартиени ќеси да ги сместат“, рече Варела, додавајќи дека дел од пакувањата биле завиткани во проѕирна фолија и целофан.

Тој сведочеше и за начинот на кој биле отвораните пакувањата, тврдејќи дека фолиите и целофанот биле кинети и гмечени, наместо да бидат раздвојувани на начин со кој би се зачувала нивната чистота. Парите, според него, биле ставани во кеси, а фолиите биле одделувани.

Адвокатот пред судот кажа дека подоцна го прашал Здравко зошто не му кажал дека парите се скриени во ѕидот.

„Ми рече: ‘Не знаев дека ќе одат толку далеку, не сакав да знаат децата’“, сведочеше Варела.

На прашањето што ќе се случи со парите, според неговото сведочење, Здравко одговорил: „Што сакаат нека прават, мои се парите“.

Сведокот кажа дека ова било внесено и во записникот од претресот. Според него, Здравко самиот му кажал дека сумата била над 350.000, иако претходно, како адвокат, не му кажал дека има толкава сума пари.

Во текот на сведочењето било отворено и прашањето за потеклото на цементот и градежните зафати во куќата. Обвинителката Искра го прашала сведокот за разликите во изјавите во однос на тоа кој вршел градежни работи.

Варела посочил дека Здравко кажал оти цементот бил негов и дека тој лепел плочки, додека во записникот, според обвинителката, стоело дека неговиот син вршел градежни зафати.

Обвинителката го прашала и сведокот дали Здравко пред претресот бил прашан дали има нешто да пријави, на што тој одговорил дека нема.

Варела, кој во текот на сведочењето повеќепати се повикуваше на она што лично го видел и слушнал, оцени и дека просторијата во која биле пронајдени парите не била обезбедена на начин што би спречил движење низ неа.

Претресот, според неговото сведочење, завршил околу 19 часот, по што информациите за пронајдените пари веднаш се појавиле во медиумите.

Одбраната продолжува со изведување на своите докази и сведоци. На следното рочиште се очекува да сведочат и Фехми Стафа, кој се наоѓа во затвор поради барање поткуп токму за судијата Ристов, како и Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, од кого, според обвинението, биле барани парите за да не оди во притвор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Еурофарм Пелистер немоќен на гостувањето кај Гумерсбах во ЕХФ Европската лига

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз...

Јорданскиот крал Абдула Втори во посета на Австралија

Јорданскиот крал Абдула Втори денеска пристигна во Австралија во...