Адвокатот што го развеа ,,Сонцето од Кутлеш” во Охрид ќе биде уапсен од МВР

Date:

Адвокатот Тони Менкиноски кој е одговорен за тоа што го развеа знамето со ,,Сонцето од Кутлеш” ќе биде уапсен од МВР ако не се појави на суд во процесот што се води против него.

Оваа закана стои во документ на судот во Охрид пред кој се води постапката против Менкиноски.

Процесот против него се води по пријава од СВР Охрид од каде што тврдеа дека наредбата за прогон на Менкиноски е дојдена од кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Менкиноски е адвокат кој без пари со години ги брани Македонците од Бугарија во Стразбур каде учествувал во 16 пресуди против Бугарија.

Сега МВР на Спасовски го гони затоа што во знак на поддршка на уставобранителите на 27 април годинава го постави огромното македонско етничко знаме познато како знаме со ,,Сонцето од Кутлеш”.

Кога МВР по налог на кабинетот на министерот Спасовски полна да оди по куќите на луѓето што биле со Менкиноски на 27 април адвокатот се пријави дека тој е одговорен за настанот и побара сам да одговара за знамето со цел да ги заштити другите учесници.

Судското рочиште е закажано за 16 во Охрид каде во Охридскиот суд ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир иако никој во Охрид не пријавил дека е нарушен јавниот ред и мир.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПОЧЕТОК НА БИТКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО МАЛА АЗИЈА (48)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Северина и нејзиниот син се дружеа со Новак Ѓоковиќ, таа се пофали со фотографијата

Северина летниот одмор со синот Александар го помина на...

Српска актерка тврди дека Бред Пит и’ се додворувал: „Не одговорив на пораката“

Холивудскиот заводник Бред Пит зад себе има два брака,...

Рок иконата Џон Бон Џови спречи жена да скокне од работ на мостот во Нешвил

Хуман чин на рок иконата Џон Бон Џови. Тоj...