Обжалена е одлуката за продолжениот притвор на Александар Ѓорчевски, татко на Вања и осомничен во случајот за нејзиното убиство.

Неговиот адвокат Владимир Туфекџиќ за Канал 5 вели дека се бара мерка куќен притвор, иако според него не е оправдана ниту една мерка кон Ѓорчевски. Адвокатот е свесен дека постапката за укинување на притворот може да потрае, но посочи дека целта на барањето е да се одржи кохезија на семејството кое е погодено од трагедијата.

Туфекџиќ дополни дека испратиле ургенција до обвинителството за да го повикаат Ѓорчевски да даде исказ, бидејќи тоа го направил единствено уште додека предметот беше во предистрага… Таму, најавува, адвокатот, таткото на Вања ќе ги објасни и снимките што ги објави контроверзниот српски политичар Срѓан Ного…

-Лицето има дадено исказ во прелиминарна фаза на предистрага кога му бил определен краткотраен притвор, за да биде повикано во фаза на истрага да даде целосен исказ со кој ќе појасни што видел, слушнал и со кои лица преземал дејствија со цел пронаоѓање на неговата ќерка во периодот од 27 ноември до денот на неговото лишување од слобода, воедно како, со кого и на кој начин ги обезбедувал и предавал видео записите на полициските службеници, како и за многу други прашања битни за целосно расчистување на овој настан. – Вели адвокатот Туфекџиќ

Во видеото Ного, чија автентичност ја потврдува Туфекџиќ, беше објавена снимка на која се слуша како Ѓорчевски, кој по исчезнувањето на Вања, од 27ми ноември до пронаоѓање на нејзиното тело на 3ти декември, водел своја истрага, прибирајќи снимки од камерите на околните објекти, наводно на инспекторите во полиција им го објаснува движењето на цитроенот и конгуто што биле искористени за киднапирањето..

-Еве тука проаѓа со истите две коли, со истите кои што го фаќаме карши Лукоил, значи таа е колата, сега треба… еве, еве ги поминаа, еве го последен е застанат од страна, се враќа во рикверц, он подзастануваше претходно на Лукоил, и сега се престројува во… може и право да оди, овде се престројува позади, ова Берлинго ли е, што е, не знам и продолжува, ова е од кај Папилон, од карши… карши Буњаковец – говори Александар Ѓорчевски

Како снимките, завршиле кај српскиот политичар Ного, засега нема одговор од надлежните институции. Одговор на ова прашање од обвинителството најави дека ќе побара и адвокатот на Ѓорчевски, а од таму единствено повторуваат дека истрагата не е загрозена…

Во случајот за убиствата на Вања и Панче Жежовски осомничени се шест лица. Првиоосмничениот Љупчо Палевски, за кој според информациите се смета дека пукал во Вања, од притвор е преместен во 40 -дневен екстрадициски затвор во Турција, кој му истекува на почетокот на Февруари.