Адвокатот на Боре Видевски: Треба или реконструкција или враќање на предметот за Вања и Панче во истраг

Date:

Тој наведе три причина поради кои смета дека тоа треба да биде направено – според него, сè почесто се споменуваат лица кои не се обвинети, а се споменуваат во исказите на обвинетите, постоењето снимки кои Обвинителството не ги покажало во судница и отсуството на вештачење на зрната од жртвите за да се утврди дали биле убиени со легално или нелегално оружје.

Адвокатот Бојан Манев, бранител на Боре Видевски еден од петтемина обвинети за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски смета дека предметот треба да се врати или во фаза на истрага или да се направи реконструкција на случајот за да се расчистат и разјаснат многу отворени прашање.

Манев ова го кажа во изјава за медиумите, по денешното рочиште, кое беше одложено поради отсуство на бранителот на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, адвокатот Јовица Страшевски.

Според адвокатот на Видевски, за да се добие правилна и вистинита пресуда и да се утврдат фактите мора да се направи една од тие две работи. Во спротивно, вели тој, каква и да биде пресудата таа ќе подлежи на жалби, пренесе МИА.

Адвокатот вели дека судскиот процес се наоѓа во фаза кога секој од обвинетите ја кажува својата верзија на приказната.

„На крајот кога сите ќе го дадат својот исказ, по досега кажаното неминовна е потребата од реконструкција на настанот и неминовно е настанот да се врати во истрага“, рече Манев.

Тој наведе три причина поради кои смета дека тоа треба да биде направено.

Како прво го наведе тоа што, според него, се почесто се споменуваат лица кои не се обвинети, а се споменуваат во исказите на обвинетите.

„Второ постојат неколку снимки кои што Обвинителството од не знам кои причини не ги даде да ги гледаме. Една од таквите снимки е од бензинската станица на ‘Лукоил’ кај Велес каде јасно се гледа ликот на Панче Жежовски на таа снимка којашто е направена некаде во 12 часот преку ден на 22 ноември 2023 година, а од Обвинителството велат дека во 9 часот наутро човекот е убиен. Значи мора некои работи да се расчистат во самата приказна, дали со реконструкција, дали со враќање на предметот во истрага, некои работи мора да бидат расчистени“, рече Манев.

Третата работа поради која што сметав дека предметот треба да биде вратен во истрага е тоа што Обвинителството, според него, нема дадено никакво вештачење на зрната од жртвите, за да се утврди дали се убиени со легално или нелегално оружје.

„Работа на обвинителство во истражна постапка е да ги утврди сите факти и да ги повика луѓето. Зошто обвинителство тоа не го прави, како што не изведува и други докази кои што се од битно значење, тоа треба да ги прашате обвинителките“,изјави Манев.

Денешното рочиште од судскиот процес за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се одложи поради отсуство на адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Големата четворка според планот: Вардар забележа најтесна, а Охрид најубедлива победа во Суперлигата

Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид забележаа победи...

THE NEWSPAPER “MACEDONIAN NATION” (1971-1990) PART II (49)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN From...

Зеленски подготвен да се сретне со Путин за време на самитот на Г20 во САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил спремен...

Мицкоски откри дека има пријави и за други случаи на барање мито во институции кои се следат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања откри...