АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО АВИОН НА АЕРОДРОМОТ ВО СИДНЕЈ

Date:

На аеродромот во Сиднеј се случила несреќа во која автомобил удри во патнички авион.

Станува збор за Ербас А320 на компанијата Џетстар, кој се влечел кон капијата во 5 часот и 30 минути по локално време кога од засега непознати причини бил удрен од пикап Мицубиши на службата за безбедност на аеродромот.

Во моментот на несреќата во авионот немало патници, а за Аделаида требало да полета во 6 часот и 40 минути. Возачот на автомобилот не е тешко повреден, но сепак е пренесен во болница за укажување лекарска помош.

На фотографиите се гледа дека автомобилот бил „заглавен“ под моторот на авионот и дека претрпел значителна штета.

Поради инцидентот откажани се неколку летови.

Авионот е испратен на здравствена проверка за да се процени неговата состојба, а австралиските медиуми објавија дека штетата изнесува повеќе од 330.000 долари.

Причината за несреќата се истражува.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...

Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на...

Новиот изглед на Ен Хатавеј ги поттикна гласините дека направила естетска операција

Оскаровката Ен Хатавеј неодамна го покажа својот нов изглед...

Кристен Стјуарт тајно се венча со партнерката: По 6 години врска го кажа судбоносното „да“ 

Познатата актерка Кристен Стјуарт и нејзината партнерка Дилан Мајер тајно се венчаа викендов...