Автомобилски гуми, градежен шут, мебел, лименки.. археологот Валентина Тодороска открива што сè наоѓа во Охридското Езеро

Date:

„Мора да ја менуваме свеста затоа што животната средина е загрозена. Немаме друга планета, немаме друго Охридско Езеро. А, проектите финансирани од ЕУ се клучни за подигање на свеста кај заедницата. Таков е меѓународниот EXPLO Project, кој ги истражува минатите човечки животни стилови, користењето на земјиштето и еколошка интеракција преку археологија, биологија и динамичко математичко моделирање, како и проектот Green Youth-Green Future.“

Оваа видеоприказна на Europe House Струга е посветена на Валентина Тодороска – единствениот археолог во земјава со сертификатот ESD (European Scientific Diver) за подводна археологија.

Вклучена е во меѓународно истражување кое ги истражува праисториските населби, за кои има знаци дека потекнуваат од железното време. Еден од локалитетите на кои работи со години е Врбник кај родната Струга. За жал, често наидува на ѓубре – автомобилски гуми, градежен шут, мебел, лименки …

Тодороска дипломирала во 2005 година на катедрата за Историја на уметност со археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала на тема „Палафитните населби во Охридско-струшкиот Регион“ под менторство на проф. д-р Драги Митревски. Како студент во 1996 година првпат учествувала на археолошките истражувања на локалитетот Вардарски рид кај Гевгелија. До денес, со мали паузи работи како археолог.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...