Пекар од австрискиот град Форарлберг добил 27.000 евра отштета од својот поранешен работодавец. Комората за труд во Австрија дошла до оваа одлука откако човекот добил отказ.

Пекарот работел прекувремено цели 28 години без да биде платен за тоа.

Пекарот во фирмата работел 28 години. Неговиот работодавец ја искористил неговата долгогодишна болест како причина да го отпушти својот вработен. При ретроактивна проверка на неговиот работен однос било утврдено дека не секогаш бил платен за прекувремена работа, ноќни смени и услуги за викенд.

– Во сегашниот случај, пекарот веројатно изгубил многу прекувремени часови и бонуси во текот на многу години – велат од Комората за труд.

Според експертите, неплатената работа можела да се утврди само за последните три години.

Од друга страна, во Германија, неплатената и платената прекувремена работа континуирано се намалува во изминативе 10 години, објаснуваат од сојузното Министерство за труд и социјала.