Женската репрезентација на Австралија во пливање, на Светскоот првенство во Фукуока постави нов светски рекорд.

Австралијките го освоија златниот медал во штафетата на 200 метри слободно, победувајќи со резултат 7:37,50 минути.

Австралија го држеше и претходниот рекорд од 7:39,29 минути, од Бирмингем минатата година.

За Австралија во Фукуока пливаа Моли О’Калаган, Шајна Џек, Бријана Тросел и Аријана Титмус

Сребрениот медал го освои селекцијата на САД со заостанување од 3,88 секунди, а бронзениот медал го освои селекцијата на Кина со заостанување од 6,90 секунди.