Во Австралија на 29 декември минатата година е освоен џекпот на Powerball во износ од 100 милиони австралиски долари, кој бил поделен на тројца среќници, а секој од нив добил по 33 милиони долари или повеќе од 21 милион евра.

Меѓу среќните добитници е и една Австралијка која таа вечер била најголемата добитничка со 34 милиони долари или повеќе од 22 милиони евра. Вработената мајка изјавила дека планира да продолжи да работи и покрај тоа што се збогатила.

„Ќе продолжам да работам затоа што го сакам тоа“, рекла таа кога новинарите ја прашале за нејзините планови по освојувањето на џекпотот, додавајќи: „Тоа е неверојатен крај на годината. Соништата навистина се остваруваат“.

Австралијката го опишала моментот кога дознала дека го добила џекпотот: “Само скокав и врескав! Децата мислеа дека сум видела бубашваба во кујната”.

„Ова дефинитивно ќе ни ги промени животите. Не само што ќе му помогне на нашето семејство, туку ќе ни помогне и да започнеме подобар живот“, додала таа.