Австралијката чии видеа ги обожаваат милиони, Мама Мила, откри како да имате чисти чевли, испеглана облека и како да ги отстраните дамките од пудра.
Кожните чевли ќе бидат како нови ако ги премачкате со кокосово масло. Ако додадете коцки мраз во машината за сушење алишта, вашата облека нема да биде збрчкана.
За оние омразени дамки од пудра, втријте пена за бричење на јаката на вашата омилена бела маица и тие ќе исчезнат.
Уште неколку трикови за кои ќе зажалите што не сте ги знаеле порано, како што вели Мила, се спасот во чистењето на домаќинството.
Повторно пена за бричење, овој пат за да се обложат огледалата во бањата за да не се замаглуваат, потоа таблети за протези за да се избелат алиштата, една таблета за машина за миење садови на сунѓер за да се отстрани целата нечистотија од рерната и сода бикарбона и лимон за да се отстрани ‘рѓата од кујнските ножеви.