Во коментари на ТикТок, најмногу се огласуваат оние кои имаат природни пеги…
Една тату артистка од Австралија на ТикТок објави видео од една своја клиентка на која ѝ тетовирала пеги, а кое има скоро 800.000 прегледи.
„Ова е платното на кое морав да работа. Мојата клиентка има толку убава кожа, но како што гледате, нејзините црти на лицето се создадени за пеги“ – раскажа таа во видеото на кое прикажува една црвенокоса девојка.
Тату артистката кажа дека нејзините клиенти секогаш може да одберат делови на лицето на кои сакаат да имаат пеги и дека тоа мора да биде пред самата постапка за да може да ги мапира.
Откако тетовирањето завршило, на видеото можете да ги видите конечните резултати. Лицето на девојката е црвено, но тату артистката вели дека кожата нема да остане така црвена и дека бојата на пегите ќе се „смири за околу 50 проценти“.
Но, не беа сите воодушевени со ова тетовирање, а помеѓу нив биле и оние кои природно имаат пеги и кои цел живот се обидувале да се решат од нив.
„Сега само изгледа како осип“, „Ова ми предизвикува трипофобија“ – се само дел од коментарите.
Тетовирањето на пеги стана популарно во последно време, а за него се одлучуваат сите оние кои ги обожаваат пегите и кои секогаш сакаат да изгледаат како да се вратиле од море.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]