Австралијка обвинета за убиство на свекор и свекрва – ги поканила на ручек и им послужила отровни печурки

Date:

Ерин Патерсон од Австралија, е обвинета за убиство откако подготвила јадење со отровни печурки во јули 2023 година, што резултирало со смрт на три лица неколку дена подоцна. Таа признава дека собирала диви печурки, но ја лажела полиција и уништувала докази. објави BBC.Судењето започна во Врховниот суд во малиот град Морвел во среда и се очекува да трае шест недели. Свекрвата и свекорот на обвинетата, Дон и Гејл Патерсон, 70, како и сестрата на свекрвата, Хедер Вилкинсон, 66, починале. Само локалниот пастор Јан Вилкинсон, кој бил лекуван во болница неколку недели, го преживеал оброкот, објавија светските медиуми.

Таа им служела говедско месо од Велингтон, пире компир и зелен грав заедно со печурки кои биле отровни. Петерсон вели дека таа не е виновна, а нејзиниот правен тим тврди дека таа “се уплашила” откако ненамерно му дала отров на семејството. Судот се обидува да утврди дали таа имала намера да ги убие

Обвинителот изјавил дека случајот првично се водел како труење со храна, но сега вели дека обвинетиот намерно ги отрул, откако ги поканил на ручек “под лажен изговор дека и бил дијагностициран рак”.

Обвинителството додава дека во следните денови, таа презела серија чекори за да го скрие она што го направила – лажејќи ги истражувачите за изворот на печурките, велејќи дека биле од азиска продавница и дека таа не ги набрала сама.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...