Австралијка и ја донираше матката на ќерка си за да може да роди повторно

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Извршена е првата трансплантација на матка во Австралија.

Мишел Хајтон од Кофс Харбор ѝ ја донираше својата матка на ќерката Кирсти Брајант, за таа да може да забремени повторно.

На 30-годишната Кирсти ѝ била извршена итна хистеректомија (отстранување на матката), бидејќи обилно крварела по раѓањето на првото дете во 2021 година.

Разочарана што никогаш повторно нема да може да носи дете во утробата, Кирсти продолжила со својот живот без да помислува дека еден ден повторно ќе има матка. Таа можност дошла подоцна, кога Кирсти дознала за овој вид трансплантација. Со нова надеж во себе, одлучила да ја праша мајка си дали ќе сака да ѝ ја донира својата. Мишел без двоумење прифатила.

„Стискам палци, постои можност да носам бебе во истата утроба во којашто растев. Се надевам дека тоа ќе биде одлична приказна која ќе му ја раскажувам на моето дете еден ден“ – вели Кирсти.

Мајката Мишел минала низ 11-часовна операција за отстранување на нејзиниот репродуктивен орган. Трансплантацијата била успешна, но потребно е да поминат 6 месеци пред Кирсти да може да ја има првата постапка за ин витро.

„Ако можам да сонувам малку, би сакала да имам уште две бремености. По хистеректомијата, тагував што нема да можам да забременам повторно. И сега кога можам да ја добијам таа можност, ќе сонувам големи соништа“ – вели Кирсти.

[/et_pb_text][et_pb_image _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” title_text=”АВСТРАЛИЈА2″ src=”https://australian-macedonian-news.com.au/wp-content/uploads/2023/03/АВСТРАЛИЈА2-5.jpg” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″][/et_pb_image][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...