Ќе се смрзнете од страв од она што го извлече од таму…
Една Австралијанка додека била во кујната слушнала звуци што доаѓале од таванот. Се качила на кујнскиот пулт со стап во рацете за да го отвори малиот отвор на плафонот. Но, кога го отворила, од таму ѕиркала огромна змија! Оваа храбра жена, на видеото објавено на Инстаграм, ја извлекува змијата со едната рака, додека со другата рака ја придржува со стапот, не дозволувајќи ѝ да се спушти на пултот. Вешто го извлекува џиновскиот влекач од покривот, но тоа не беше крај – на извлечената змија се закачила друга, исто толку долга и широка, решена да тргне по својата „разоткриена сопатничка“.
Жената го фрла стапот и, додека со едната рака ја придржува првата змија, почнува да ја извлекува и втората. Тоа воопшто не било лесно, со оглед на тоа што втората змија со опашката се закачила за внатрешноста од таванот. Сепак, упорната и храбра жена, успешно ги извлече двете змии и скокна од кујнскиот пулт.
Оваа видеоснимка им се допаднала на 600.000 лица, а потоа беше откриено која е храбрата жена што се осуди да ги извлече змиите со раце. Станува збор за жена научник и авантурист која лови змии и ги дислоцира на безбедно место и за нив и за луѓето.
Луѓето што ја виделе оваа снимка, не можеле да го скријат воодушевувањето, но и стравот од оваа глетка.
-Ќе ја напуштев куќата и ќе ги оставев змиите да одлучат колку ќе платат кирија.
– Ова е една од причините поради која никогаш нема да заминам во Австралија.
-О, Боже, колку е храбра оваа жена!
– Конечно е пронајдена вистинската жена чудо! – беа дел од коментарите.