Австралија и Јапонија денеска потпишаа договор од 10 милијарди австралиски долари, или околу седум милијарди долари, со кој Јапонија ќе ја снабди Австралија со три воени бродови, што, како што пренесува Ројтерс, е најзначајната воена продажба на Токио откако беше укината забраната за извоз на воена опрема во 2014 година.
„Мицубиши Хеви Индастрис“ ќе ја снабдува Кралската австралиска морнарица со три надградени повеќенаменски фрегати од класата Могами, произведени во Јапонија од 2029 година. Уште осум фрегати ќе бидат изградени во Австралија.
Марлес рече дека договорите се потпишани за првите три фрегати, кои ќе се изградат во Јапонија, пред да има „транзиција кон изградба на копно“ во бродоградилиштето Хендерсон во близина на Перт во Западна Австралија.
Бродовите се се дизајнирани да ловат подморници, да напаѓаат површински бродови и да обезбедуваат воздушна одбрана, а Австралија планира да ги распореди за да ги бранат критичните поморски трговски патишта и нејзините северни пристапи во Индискиот и Тихиот Океан.





