Австралија приреди изненадување, „кенгурите“ во Дејвис Куп полуфинале!

Date:

Дејвис Куп репрезентацијата на Австралија направи големо изненадување и ги совлада Соединетите Американски Држави во четвртфиналето во шпанската Малага со 2-1 во севкупни поени.

Клучниот поен за „кенгурите“ го освои дублот Ебден/Томпсон, кои славеа над Томи Пол и бен Шелтон со 2-0, по сетови 6-4 и 6-4. Најпрво Танаси Кокинакис го совлада Бен Шелтон со 2-1, (6-1, 4-6 и 7-6/14), а потоа Тејлор Фриц го возврати ударот во дуелот со Алекс Де Минер (6-3 и 6-4).

Мечот во двојки беше одлучувачки за Австралија и нивниот тим патува во полуфиналето на завршниот турнир во Дејвис Купот. За пласман во мечот за трофејот „кенгурите“ ќе се борат против подобриот од дуелите меѓу селекциите на Аргентина и Италија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...