Австралија потврди: Се формираше Ел Нињо

Date:

Австралискиот метеоролошки институт го потврди формирањето на феноменот Ел Нињо, кој се очекува да донесе топли и суви временски услови, кои придонесуваат за избувнување на пожари на отворено, пренесува AFP.

Карл Браганза, директор на Агенцијата за следење на климата на австралиското биро за метеорологија, рече дека климатскиот образец налик на Ел Нињо се формирал над Тихиот Океан и се совпаѓа со необичен пролетен топлотен бран што моментално ја пече југоисточна Австралија.

Поради топлотниот бран кој го зафати тој дел од земјата, властите прогласија забрана за пожари на отворено во областа Сиднеј. Се очекува топлотниот бран да влијае на производството на пченица во Австралија, која е еден од водечките светски извозници на жито.

„Во некои делови од земјата веќе гледаме екстремни временски услови, особено за време на топлотниот бран. На почетокот на пролетта имавме долг период на топло и суво време“, изјави Браганза за новинарите.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...